15.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Случајот „Мазут“ повторно се отвора? ЕСМ поднесе жалба за 167 милиони евра

Случајот „Мазут“, поврзан со набавките за ТЕЦ „Неготино“ за време на енергетската криза, повторно е пред Вишото јавно обвинителство откако АД ЕСМ поднесе жалба против одлуката за запирање на истрагата.

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека одлуката на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е „скандалозна“ и изјави дека очекува Вишото обвинителство да ги разгледа сите факти содржани во жалбата.

„ЕСМ веќе вложи жалба на скандалозната одлука на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и очекуваме Вишото јавно обвинителство правилно да ги разгледа сите факти“, изјави Мицкоски.

Од АД ЕСМ потврдија дека до ОЈО ГОКК и Вишото јавно обвинителство е доставен приговор, како и барање за контрола на постапката.

Пратеникот Антонијо Милошоски оцени дека жалбата отвора правна можност за преиспитување на одлуката за прекин на истрагата.

Во меѓувреме, од Левица го обвинија државниот јавен обвинител Ненад Савески дека не ги користи законските механизми за увид и контрола на случајот.

„И покрај јасните законски алатки, државниот јавен обвинител воопшто не покажува волја да побара увид во предметот ‘Мазут’“, соопштија од партијата.

Од Јавното обвинителство кратко одговорија дека постапуваат согласно закон и не коментираат политички изјави.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција претходно ја запре едногодишната истрага за набавките на мазут за ТЕЦ „Неготино“, со образложение дека не се обезбедени доволно докази за покренување обвинение.

Надлежната обвинителка Катерина Коларевиќ изјави дека обвинителството не може да ризикува судска постапка без цврсти докази за злоупотреба при јавни набавки и перење пари.

Во истрагата беа опфатени 13 физички лица и една компанија, меѓу кои бизнисмените Ратко Капушевски и Асмир Јахоски, како и поранешниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски.

Кривичната пријава за случајот лани ја поднесе Министерството за внатрешни работи, тврдејќи дека државата била оштетена за повеќе од 167 милиони евра преку злоупотреби со набавките и транспортот на мазут.

Related posts

ЕУ удри по Google со казна од 890 милиони евра – Брисел обвинува за злоупотреба на доминантната позиција

admin

Русија ги повикува останатите земји да ја признаат независноста на Доњецк и Луганск

ninja

Новиот ректор на Универзитетот на Југоисточна Европа ветува развој и регионално влијание

admin

Шмит: Европа нема стратегија за Балканот, Босна останува ранлива

admin

Србија и Република Српска закажуваат нов парламентарен форум во Бања Лука

admin

Бугарија ја критикува Северна Македонија за непочитување на договорот и бара почитување на консензусот на ЕУ од 2022 година

admin