23.8 C
Скопје
5 септември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

По кризата со водата: Лимани активираше штаб, но не размислува за оставка

Градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, во понеделникот изјави дека не чувствува морална одговорност за кризата со водоснабдувањето, додека локалната власт активираше Кризен штаб и најави дополнителни мерки за снабдување на граѓаните со вода за пиење.

Лимани на прес-конференција рече дека директорката на јавното претпријатие „Комуналец“ и дел од раководството одговорно за водоводот се суспендирани додека трае постапката за утврдување на причините и евентуалната одговорност.

„Не чувствувам морална одговорност, бидејќи јавното претпријатие е правно лице кое управува со ова прашање. Доколку беше поинаку, првата оставка ќе беше мојата“, рече Лимани.

Тој додаде дека не сака однапред да биде утврдена вина, но дека суспензиите биле неопходни за да не се попречува работата на надлежните институции.

Активиран Кризниот штаб

Лимани соопшти дека по негов предлог е активиран општинскиот Кризен штаб, кој треба да подготви препораки и да организира помош за граѓаните погодени од кризата.

Општината ќе објави и официјален телефонски број на кој граѓаните што не можат самостојно да преземат вода ќе можат да побараат помош. Мобилни екипи ќе им доставуваат вода за пиење до домовите.

„Штабот ќе понуди препораки, но и непосредна помош за сите граѓани на кои им е потребна“, рече Лимани.

Советот на Општина Гостивар треба да одржи и вонредна седница, на која ќе се разгледуваат дополнителни мерки за справување со состојбата.

Најавено чистење на водоводната мрежа

Лимани рече дека локалната власт е во координација со здравствените, истражните и другите надлежни институции и дека ќе соработува во утврдувањето на причините за загадувањето.

По објавувањето на резултатите од анализите, општинските служби треба да започнат со дезинфекција и прочистување на водоводната мрежа, како и со засилени контроли на системот.

„Целта е што е можно побрзо да се обезбеди безбедна вода за граѓаните“, рече Лимани.

Тој додаде дека проблемите со гостиварскиот водовод траат со години и досега главно биле поврзани со недостиг на вода. Според него, еден од приоритетите на локалната власт е изградба на нова водоводна линија, на која веќе се работи.

Related posts

Уставот на раскрсница: „Ако веќе се отвора…“

admin

Мицевски: Уставни измени под диктат нема, власта нема двотретинско мнозинство

admin

Расте економијата, но дали доаѓа нов ценовен шок? ММФ предупредува за скриени ризици

admin

ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што ДУИ е подготвена да замине

admin

Армијата ќе се поднови со хеликоптери „агуста“ од Италија

admin

Алиу: Транспарентноста во здравството се подобрува – интегритетот речиси двојно зголемен за шест месеци

admin