13.8 C
Скопје
27 септември, 2023
Inbox7.mk
ВЕСТИ

СРЕДБА ГРУБИ-АГЕЛЕР ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ, РЕФОРМИТЕ И ВЕТИНГОТ

Денеска се одржа средба меѓу вицепремиерот и министер за политички систем, Артан Груби и амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Ангела Агелер, на која се разговорало за потребата од уставните измени, ЕУ-интеграцијата, реформите и процесот на ветинг.

Како што соопштија од кабинетот на Груби, посебен фокус бил ставен на уставните измени како услов за продолжување на европскиот пат на земјава, при што било проценето дека „нема време за губење“.

Во соопштението се наведува дека функционирањето на владината коалиција било оценето како „квалитативно“, а Груби истакнал дека европскиот пат бара заеднички фронт на сите прогресивни сили, додека САД остануваат посветени на поддршката за реформи и овозможување функционална и стабилна демократија.

Тема на разговор бил и предлогот за ветинг што треба да ги опфати сите, од политичките личности, судиите и обвинителите, како форма на борба против корупцијата и акција која гарантира суштинска контрола на функционерите пред да бидат избрани на функцијата.

Агелер пред еден месец дојде во земјава како нова амбасадорка на САД во Северна Македонија.

Related posts

По месец дена потрага уапсен индиски сепаратист

admin

Милошоски: Резолуцијата на Бундестагот е добра, е резултат на реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ

admin

Маричиќ: Манифестот за ЕУ – доказ за нашата посветеност за евроинтеграциите

admin

Руската амбасада во Скопје – Балкански рекордер на социјалните мрежи

admin

Незири за ТВ24: Ако нема друг начин, останува уставните измени да се изгласаат на балкански начин како Преспанскиот договор

admin

Мира Мурати од OpenAI: жената виновна за туркање на генеративната вештачка интелигенција во реалниот свет

admin