30.8 C
Скопје
25 јуни, 2025
Inbox7.mk
НАСЛОВНА

ШОК БОМБА ФРЛЕНА ВРЗ ПАТРОЛА НА ЕУЛЕКС НА СЕВЕРОТ НА КОСОВО

Мисијата ЕУЛЕКС соопшти дека на 10 декември била фрлена шок-бомба врз нивната извидничка патрола во местото Рудар во Звечани, но дека нема повреден офицер, а не е причинета материјална штета. Барикади се поставени во Рудар, на местото познато меѓу локалното население како „на крстот“.

Од мисијата ЕУЛЕКС нагласуваат дека нападот врз нивните единици, како и врз полицајците на Косово е неприфатлив.

„Силно ги осудуваме насилните акти извршени од вооружени лица на северот на Косово, вклучително и против меѓународната заедница“, се вели во соопштението и ги повикуваме косовските институции да ги изведат сторителите пред лицето на правдата.

Амбасадорот на САД во Косово, Џефери Ховениер, го осуди нападот со шок бомба врз набљудувачката патрола на ЕУЛЕКС и побара одговорните да бидат казнети.

„САД му се придружуваат на ЕУЛЕКС во остро осудување на синоќешниот напад врз патрола на ЕУЛЕКС. Насилните напади врз косовската полиција и персоналот за меѓународна безбедност се неприфатливи и одговорните мора да одговараат преку косовскиот правосуден систем“, напиша Ховениер на Твитер.

Во општините на северот на Косово, каде мнозинството се Срби, во текот на вчерашниот ден беа подигнати барикади поради апсењето на поранешниот припадник на косовската полиција Дејан Пантиќ.

Косовската полиција соопшти дека постои сомневање дека Пантиќ учествувал во инцидентот од 6 декември кога беа демолирани просториите на Централната изборна комисија на Косово во Северна Митровица и Зубин Поток. Барикадите продолжија и денеска.

Претходните денови беа забележани голем број инциденти на северот на Косово, а косовската полиција го зголеми присуството. Српските претставници од ноември ги бојкотираат институциите на Косово, поради незадоволство од одлуката на властите во Приштина за пререгистрација на возилата со српски регистарски ознаки во косовски.

 

Related posts

Младо момче, спасител од пожарот во Кочани, доби признание и стипендија

admin

Претседателски кандидати – кој колку троши на социјалните мрежи?

admin

Врските на српските парии со крајната десница во Австрија

admin

Што да очекуваме од првиот состанок на Пит Хегсет во НАТО?

admin

Дезинформациите доведоа до недоверба во лекарите, терапијата и вакцините

admin

СДСМ: Наместо одговори за урбаната мафија, ВМРО-ДПМНЕ зборува за дестабилизација

admin