25.8 C
Скопје
30 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ЕУ ЗАМРЗНА ПАРИ ЗА УНГАРИЈА

По долг спор, земјите од ЕУ се согласија да замрзнат повеќе милијарди евра за Унгарија. Сепак, сумата не е толку висока како што предложи Европската комисија.

По долг спор околу парите за Будимпешта, Унгарија и другите земји од ЕУ најдоа компромис, објави на Твитер чешкото претседателство на ЕУ по состанокот на постојаните претставници на земјите-членки во Брисел. Како што е соопштено, големо мнозинство дало согласност за замрзнување на милијардите евра од буџетот на ЕУ кои беа планирани за Унгарија.

Сепак, висината на замрзнатите финансиски средства нема да биде толкава како што првично беше предложено од Европската комисија. Непосредно пред постигнувањето на договорот, Комисијата ја обнови препораката според која финансирањето од околу 7,5 милијарди евра треба да биде замрзнато сѐ додека десничарската влада на премиерот Виктор Орбан целосно не ги спроведе своите ветувања за почитување на владеењето на правото. Сега се вели дека ќе бидат замрзнати само околу 6,3 милијарди евра, поради тоа што Унгарија веќе спровела некои од мерките што се бараат од неа.

Со корупцијата мора да се води пожестока борба

Ваквите мерки против Унгарија се преземаат поради загриженост дека фондовите на ЕУ се злоупотребуваат во таа земја поради несоодветни антикорупциски мерки.

Земјите-членки на ЕУ допрва треба да го потврдат договореното. За ова е потребно квалификувано мнозинство – тоа значи дека согласност мора да дадат најмалку 15 од 27-те земји на ЕУ и притоа тие заедно треба да сочинуваат најмалку 65 отсто од вкупното население на ЕУ. Ова барање е исполнето по договорот постигнат во Комитетот на постојаните претставници и сега треба да се формализира во писмена процедура пред самитот на ЕУ во четврток (15.12).

Унгарија може да изврши притисок врз ЕУ

Во изминатите неколку дена, германската влада веќе ја сигнализираше својата согласност за острата акција против Унгарија и се изјасни за замрзнување на околу 7,5 милијарди евра. „Станува збор за нашите вредности, за нашето владеење на правото како Европска унија во целина“, изјави министерката за надворешни работи Аналена Бербок на маргините на состанокот со колегите од другите земји-членки на ЕУ во Брисел.

Сега со нетрпение се очекува натамошниот развој, пред сѐ затоа што Унгарија има на располагање средства за вршење притисок врз ЕУ. На пример, владата во Будимпешта би можела да ги блокира одлуките кои бараат едногласност во ЕУ. Од друга страна, Унгарија, според информациите во понеделникот вечерта, дури направила отстапки и се откажала од блокадата против новата помош за Украина и законот на ЕУ за интернационален минимален данок.

Related posts

СДСМ ги одреди носителите на кандидатските листи

admin

Пендаровски со втора реакција: Чудно е зошто ВМРО-ДПМНЕ не разбира што се случило во петокот

admin

ЕУ ЈА ИСПОРАЧА ВЕТЕНАТА ПОМОШ – 80 МИЛИОНИ ЕВРА СЕ ДОСТАПНИ ЗА ДРЖАВАТА

ninja

Доаѓа ли војната на територијата на Русија?

admin

Две илјади работници досега сакаат работа преку Отворен Балкан

admin

Османи во Мостар се фати за гитара

admin