14.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Алиу најави крај на партиските и неформалните вработувања во здравството, започна темелна анализа на кадрите

Министерот за здравство Азир Алиу во четвртокот соопшти дека ќе престанат практиките за вработувања и специјализации „по желба“ во јавното здравство, откако министерството ја заврши првата сеопфатна анализа на расположливиот медицински кадар во државата.

Алиу рече дека новиот систем – кој вклучува електронски Регистар за човечки ресурси – ќе утврдува каде и колку здравствени работници недостигаат, со што ќе се спречи хаотичната распределба на кадарот и влијанијата преку телефонски повици.

„Нема повеќе вработувања со пораки од типот ‘сакам моето дете да биде овој или оној доктор’. Секоја специјализација и секое работно место ќе се темели на реални податоци за потребите на системот,“ рече Алиу на прес-конференција.

Според анализата, во земјава има вкупно 3.779 јавни и приватни здравствени установи што користат услуги покриени од Фондот за здравствено осигурување, со вкупно 32.383 вработени. Податоците покажале и сериозни дисбаланси меѓу специјалностите – само 37 радиолози и онколози наспроти 344 гинеколози.

Министерството најави дека ќе започне редистрибуција на вишокот кадар и ќе ги усогласи конкурсите за нови вработувања со потребите на установите низ државата. Новиот регистар ќе биде основна алатка за одлучување – од специјализации до пополнување празни работни места.

„Здравството не може да се реформира на слепо. Ова е прв пат системот да има точна и целосна слика за човечките ресурси,“ додаде Алиу.

Министерството планира анализите да се ажурираат редовно, а регистарот да биде достапен и за здравствените установи за подобро планирање на кадровските потреби.

Related posts

Рубио ја отфрли иранската понуда за Ормускиот Теснец, преговорите во ќорсокак

admin

Трамп потврди: Закана ги принуди САД да ги повлечат бомбардерите од Британија

admin

Анкета: Германија го зазема првото место како „најголем непријател“ на Русија

admin

Одлуката на Уставниот суд – дополнителна пречка за ЕУ

admin

Мицкоски: Инсталациите на СДСМ и ДУИ во судството се жилави

admin

Се тресе ВЛЕН? Меџити и Азизи во судир, се споменуваат ДУИ и Таравари

admin