21 C
Скопје
14 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ШТАЈНМАЈЕР: МЛАДИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ИДНИНАТА ЈА ГЛЕДААТ ВО ЕУ

Патот до ЕУ води преку уставните измени, порача германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер на вториот ден од посетата на С. Македонија.

 „Разговорите за европската иднина беа главна точка на сите мои средби тука. Младите генерации со кои се сретнав уште појасно ми порачаа дека нивната перспектива е насочена кон Европа и дека многу посакуваат да не поминат уште 17 години за да го остварат нивниот европскиот сон”, порача германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер пред завршувањето на неговата дводневна посета на Северна Македонија.

Штајнмајер од утрото имаше прошетка низ Старата чаршија во Скопје, каде, придружуван од домаќинот Стево Пендаровски, разговараше со локалните дуќанџии, но и со група млади луѓе – учесници на школата за политики при Претседателскиот центар за политичко образование и стипендисти на партнерските организации.

Потоа се сретна со творците на филмот „Медена земја” и со главната протагонистка Атиџе Муратова, со која си разменија и домашен мед.

„Во сите разговори заклучив дека е голема желбата не само за приближување, туку и за членство во ЕУ. И земјата многу сработи. Се сеќаваме на долгите преговори за името со Грција кои успешно се завршија. Сега под притисок на една соседна земја, Северна Македонија е пред задача да го смени Уставот за да го стави таму бугарското малцинство. Тоа не се лесни дебати, но начинот на кој се водат тие тука покажуваат две нешта: Прво, страста со која се разговара за прашањата за националниот идентитет, и второ подготвеноста да се слушнат едни со други и да не го загубат патот кон Европа”, изјави Штајнмајер по обиколката на Ветерниот парк во Богданци.

Во тој контекст, Штајнмајер им порача на пратениците во македонското Собрание дека „не треба да го кочат патот кон ЕУ со кусогледи партиско-политички дискусии“. Германскиот претседател вети натамошна поддршка од неговата земја за Северна Македонија, како во поглед на европските интеграции, така и во економската сфера.

Related posts

Северна Македонија ќе биде коспонзор на резолуцијата за Сребреница во ОН

admin

Мицкоски на самитот ЕУ-Западен Балкан

admin

Зошто младите во С.Македонија се склони кон корупција?

admin

Наскоро процесирање на лицата од црната листа на САД?

admin

Фрчковски за Топ Чанел: Постојат обиди да се намалат правата на Албанците

admin

Муцунски од Блед: Интеграцијата на Балканот е клуч за стабилноста на ЕУ

admin