20.9 C
Скопје
28 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

КРЕМЉ НЕ САКА ПРЕГОВОРИ ЗА УКРАИНА ПОД УСЛОВИТЕ НА БАЈДЕН

Кремљ денеска ги отфрли условите кои американскиот претседател Џо Бајден ги наведе за разговори со Владимир Путин околу Украина.

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека преговари со неговиот руски колега по функција, Владимир Путин, се можни само „откако Путин ќе ја напушти Украина“.

Русија секако не е спремна за прифаќање на ваквиот услов поставен од страна на американскиот претседател, соопшти денеска портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков пред новинарите во Москва.

„Специјалната воена операција продолжува“, истакна Песков, користејќи го официјалниот руски назив за руската војна во Украина.

За време на државната посета на францускиот претседател Емануел Макрон во Вашингтон, американскиот претседател Џо Бајден вчера најави принципиелна спремност за разговор со Путин, но само доколку тој покаже сериозна желба за окончување на војната во Украина. Основниот услов кој го наведе Бајден е повлекување на руските трупи од Украина.

Песков истакна дека Путин е подготвен за разговори, само доколку бидат респектирани руските интереси. Но, „САД сеуште ги неимаат признато новите територии како дел од Руската Федерација,“ рече Песков, алудирајќи на украинските региони чија анексија Русија прогласи есеноска. Овој став на Вашигтон ги комплицира евентуалните разговори, дополни Песков.

Related posts

Здравјето нема цена: Закон што може целосно да ја смени културата на пушење во Македонија

admin

Собранието по втор пат одби електронски алки за насилниците

admin

Николај Крастев: Партијата на Палевски беше една од двете антибугарски формации

admin

Мерц: Европа мора да ја преземе сопствената одбрана, Германија признава дека се „шверцувала“

admin

Рубио го демантира Зеленски за  Донбас – критики во Франција по интервју со Лавров

admin

Груби: Време е за храбри одлуки и помирување

admin