19.8 C
Скопје
7 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ЛИДЕРИТЕ ОД ЕУ ГО ПОВИКАА ВУЧИЌ ДА ВОВЕДЕ САНКЦИИ ПРОТИВ РУСИЈА, ТОЈ ВЕЛИ ЌЕ ГО ПРАШАМ НАРОДОТ

Голем број европски лидери на состанокот на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана го повикаа српскиот претседател Александар Вучиќ да се усогласи со надворешно политичката позиција на ЕУ, а Вучиќ истакна дека Белград ја осудува руската агресија врз Украина и го почитува украинскиот територијален интегритет, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Пленковиќ рече дека српскиот претседател Александар Вучиќ бил поканет од „голем број“ лидери да се усогласи со надворешно политичките позиции на ЕУ, особено со пакетите санкции.

„Тој зборува за тоа дека тие секогаш ги имаат овие внатрешни работи во однос на односите со Русија, но споменува и дека ја осудиле руската агресија врз Украина и дека го почитуваат украинскиот територијален интегритет“, рече хрватскиот премиер.

Србија, заедно со Белорусија, е единствената европска земја која не се приклучи на санкциите против Русија.

Вучиќ, на прес конференција во Тирана, изјави дека на Самитот најмногу се зборувало за енергетиката и за воведување санкции против Русија, а Србија е единствената земја во регионот која ги нема воведено. Во официјалната декларација на Самитот се најде и таа точка, а Вучиќ рече дека не е природно Србија да учествува во таа политика поради штетата што ќе ја претрпи од нејзиното воведување, иако многу добро ја разбрал пораката.

„Ќе ги прашам луѓето во Србија, парламентот во Србија и владата на Србија, а помалку ќе се прашам и јас“, рече тој.

На самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана денеска беше потпишана Декларација во која ЕУ уште еднаш ја потврдува својата целосна и недвосмислена посветеност на перспективата за членство на Западен Балкан во Европската Унија и повикува на забрзување на пристапниот процес заснован на кредибилни реформи од страна на партнерите, фер и ригорозни услови, како и принципот на сопствените заслуги.

ЕУ ги повика земјите во регионот „да постигнат брз и одржлив напредок кон целосно усогласување со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и да дејствуваат соодветно, вклучително и за рестриктивните мерки на ЕУ“. Србија е единствена во регионот која не се придружи на европските санкции против Русија.

Related posts

Мицкоски за ФАЦ: Груевски и Владата имаат „валкан дил“

admin

За 2 месеци Русија потроши 26 милиарди долари за одбрана

admin

Петровска за набавката на хеликоптерите: Немаме што да криеме, ќе одговориме на секое прашање од Антикорупциска

admin

Мира Мурати од OpenAI: жената виновна за туркање на генеративната вештачка интелигенција во реалниот свет

admin

Дали ќе има договор за датумот за избори?

admin

„Трка за Водно“: Расте бројот на кандидати за претседател

admin