11.8 C
Скопје
4 мај, 2024
Inbox7.mk
АНАЛИЗА

БАЛКАНОТ КАКО ПОЛЕ НА АБСУРДНОСТА

  • Само со АзА, сепак, нема да се стигне до 80 пратеници, кои се потребни за уставните измени. Но, ќе се тргне дилемата дали ќе се создаде ново за земјата да оди на нови парламентарни избори во година кога најмалку се потребни.
  • И пак ќе се навратам на Балканскиот апсурд: Бугарија е земја членка на ЕУ и НАТО, но истовремено е европска земја каде Русија има најголемо влијание.

Пишува: Џелал Незири

Дека Балканот е поле на апсурдноста покажува и последното влошување на односите помеѓу Софија и Скопје. Физичкиот напад врз еден член на Бугарскиот клуб во Охрид прерасна во голем меѓудржавен проблем што предизвика и повлекување на амбасадорот на Бугарија од Скопје. Овој инцидент е ставен во контекст на прашањето со историјата од пред Втората светска војна, проблем кој постојано се актуелизира во односите помеѓу двете држави. Апсурдот не во фактот дека историјата станува пречка за интеграција во Европската унија (ЕУ), како проект за помирна и попрогресивна иднина. Најголемиот апсурд, сепак, е актуелната реалност каде две држави најнекултурно се натпреваруваат за Гоце Делчев, историски лик кој светот го разбрал како „поле за културен натпревар меѓу народите“. Неговиот 121 роденден на 4 февруари ќе се слави во услови на тензични односи помеѓу двете народи.

Овој проблем не би бил и толку сериозен ако не би ризикувал да го врати ветото за интеграција на Северна Македонија во Европската унија (ЕУ). И тоа во моменти кога политичките партии се обидуваат да најдат формула како да се стигне до 80 пратеници за да се измени Уставот со цел етничките Бугари да станат дел од него. Оваа обврска беше преземена лани како дел од Францускиот предлог со кој се тргна блокадата на Софија и кој служи како патоказ за спроведување на Договорот за добрососедство потпишан во 2017.

Во меѓувреме, во Скопје се бијат битки за парламентарни мнозинства: опозицијата труди да стигне до 61 пратеник за предвремени парламентарни избори, додека власта до 80 пратеници за уставни измени.

До крајот на неделата се очекува официјализирање на влезот на Алијанса за Албанците (АзА) во владината коалиција. Начелно нема програмски пречки, проблем е само кај распределбата на ресорите. Има многу мали партнери со големи апетити, партиски и индивидуални интереси. Малите политички партии постојано се противат на проширување на владината коалиција. Со тоа прават владата да личи на детска градинка, каде секој се бори за простор и внимание. Разбирливо е дека со влезот на АзА нивната тежина нема да биде иста, па затоа и прават се тоа да не се случи.

Реакцијата на Алтернатива на Африм Гаши донекаде е разбирлива. Како партија има право да инсистира за доследно применување на договорот со кој стана дел од владата. Како столб на тој договор е и менаџирање со ресорот здравство. Овој ресор сега треба да му го отстапи на АзА, така што ќе остане само со едно министерство. Политички коректно е да се почитуваат договорите, било тоа да се уснени. Но, во политиката ништо не е гарантирано. Политичките динамики ги определуваат не само договорите, туку и сојузите. Сега владата има потреба за стабилно парламентарно мнозинство, при што и договорот СДСМ-ДУИ се менува, кога станува збор за поделбата на ресори и функции.

Само со АзА, сепак, нема да се стигне до 80 пратеници, кои се потребни за уставните измени. Но, ќе се тргне дилемата дали ќе се создаде ново за земјата да оди на нови парламентарни избори во година кога најмалку се потребни. Исто така, ќе исчезнат разните комбинаторики и политички акробации кои се интерес само на одредени партии или група на интерес, а се во спротивно со интересот на сите граѓани.

Во целата ова бучава, не се става фокусот на предизвиците со кои ќе се соочиме оваа година – од уставните измени па се до геополитичката реалност. За да се стигне до двотретинско мнозинство владата мора да отвори здрав и искрен дијалог со опозицијата. Како што во 90-тите години се постигна широк политички и етнички консензус за стратешките ориентации на земјата, т.е. интеграцијата во НАТО и ЕУ, и денеска тоа е возможно. Има начини и можност да се убеди ВМРО-ДПМНЕ да ги подржи уставните измени, но тоа треба да биде резултат на еден сериозен процес на преговори, консултации и договори. Се работи за реализација на втората стратешка ориентација, како натпартиска и надетничка цел. ЕУ интеграцијата нема алтернатива.

И пак ќе се навратам на Балканскиот апсурд: Бугарија е земја членка на ЕУ и НАТО, но истовремено е европска земја каде Русија има најголемо влијание. Политичката нестабилност и четирите последователни изборни циклуси, кои не успееја да произведуваат легитимна влада, одат во прилог токму на руските политички инсталации во оваа земја. Претседателот Румен Радев од партијата БСП, европратеникот Ангел Џамбаски од ВМРО-НД и Констадин Констадиов од Преродба се најгласни кога се работи за користење на повторно вето за Скопје. Сите овие личности и политички субјекти ги поврзува наклонетоста кон Русија и нејзиниот претседател Владимир Путин. Радев е единствената легитимна фигура која може да ја претставува неговата земја надвор. Тој има големо влијание и врз техничката влада. Затоа ќе се бара casus beli (причина за војна) во секој можен инцидент. Целта на Путин е иста како и во случајот со Грција – попречување на членството во ЕУ преку вето на европска земја. Тој знае дека, во конкретниот случај, со едно вето блокира две држави.

 

Related posts

КУЛТУРА НА СТРАВ

admin

Трамп: Ќе и ставам крај на војната за 24 часа

admin

ДРАМА ВО МАКЕДОНСКИТЕ МЕДИУМИ

admin

Израелско-палестински конфликт: турската дипломатија заслужува признание и поддршка

admin

ГОЛЕМ ШОК ЗА МНОГУ ПОЗНАТИ РАБОТИ

admin

ЈА ДОБИВМЕ БИКТАТА ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

admin