19.8 C
Скопје
30 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

БУГАРИЈА ГО ПОВЛЕЧЕ АМБАСАДОРОТ ОД СКОПЈЕ

Заладувањето на македонско-бугарските односи кулминираше со повлекување на бугарскиот амбасадор од Скопје и најави дека ќе се замрзнат сите проекти со Северна Македонија. Ваквата можност ја најави бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Милков, кој беше сослушан на собраниската Комисија за надворешни работи.

Тој порача дека бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов ќе остане надвор од Северна Македонија се додека Софија не види знаци на промена. Исто така, Бугарија  ќе ги прекине сите заеднички меѓудржавни проекти со Република Северна Македонија поради претепувањето на Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис трети“ во Охрид.

Тој појаснува дека Софија нема да ја запре европската интеграција на Скопје, бидејќи „Северна Македонија никогаш и не започнала преговори“.

Милков најавува решителни чекори 

Милков и Ангелов беа сослушани на Комисијата за надворешна политика. Во изјава за медиумите Милков рече Бугарија ќе преземе решителни чекори доколку продолжи јазикот на омраза кон луѓето со бугарски идентитет во Република Северна Македонија. По двочасовното сослушување пред пратениците, тој во изјава за медиумите посочува дека  „Христијан Пендиков продолжува да добива закани додека е во болница“.

„Пред сите европски институции нашата држава ќе ги штити интересите на македонските Бугари“, порача Милков и додава: Не е можно Пендиков да добива закани на интернет во болницата каде што лежи. Ова зборува за целосна неказнивост. Нема да ги оставиме незаштитени интересите на бугарските граѓани или лица со бугарски идентитет. Работите нема да продолжат како што беа. Ќе разгледаме голем број елементи на нашата билатерална соработка со оваа наша соседна земја“, вели Милков во изјавата која што ја пренесува бугарскиот портал „Нова“.

Во однос на одбележувањето на 4 февруари, денот на раѓањето на Гоце Делчев, тој порача дека ако Бугарите бидат запрени на границата на Северна Македонија и не им се дозволи да одат во Скопје да го одбележат денот, Бугарија ќе реагира негативно.

Related posts

ВЛАДАТА ИНИЦИРА ОДЗЕМАЊЕ НА ДРЖАВЈАНСТВОТО НА ОНИШЧЕНКО

ninja

Кочани копа гробови за жртвите на пожарот во ноќен клуб

admin

Над 60 загинати и 145 повреди: најсмртоносниот терористички напад во Русија

admin

Законите за Коридорот 8 и 10д во Собрание, опозицијата вели дека се озаконува криминалот

admin

„Кој ќе одговара?“ СДСМ со нов напад кон Владата за случајот со водата во Гостивар

admin

Објава за Младиќ предизвика политичка бура во Скопје: се бара реакција од Владата

admin