29.8 C
Скопје
23 септември, 2023
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕГИОН

КОВАЧЕВСКИ ЈА ОТФРЛИ ИДЕЈАТА ЗА ЗАЕДНИЦА НА АЛБАНСКИ ОПШТИНИ

Предлогот за формирање заедница на албански општини во Северна Македонија по урнекот на заедницата на српски општини во Косово е неприфатлив за премиерот Димитар Ковачевски, како и за коалициските партнери во владата.

„Односите во нашата држава се решени со Охридски рамковен договор кој го потпишаа претставници на сите политички партии – и на Македонците, и на Албанците, за кој гаранција се САД и Европската Унија. Врз основа на тој Охридски рамковен договор, Северна Македонија денес претставува пример за соживот и остварување на правата на сите етнички заедници во државата и врз негова основа во нашата држава се изградени институции за заштита и унапредување на правата на помалите заедници на највисоко ниво споредено со сите други држави во Европа“, изјави Ковачевски во понеделникот.

Според Ковачевски, во Косово веќе постои друг договор кој е потпишан помеѓу две страни и кој ги решава проблемите што постоеле во минатото во таа земја.

„Оттука сметам дека таквиот предлог е неприфатлив, несериозен, нееверопски и неамерикански“, рече Ковачевски.

Лидерите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Албин Курти во понеделник во Брисел треба да одлучат дали ќе направат чекор натаму во нормализацијата на односите меѓу двете земји, а една од клучните проблематични точки во преговорите е договорот за формирање на Заедница на српски општини во некогашната југословенска покраина. Актуелната влада во Приштина се противи да го прифати формирањето на таа заедница, а премиерот Курти во една прилика го оцени тој чекор како „апартхејд“.

Политичката партија Алтернатива, која до неодамна беше од владата во Северна Македонија, викендов преку соопштение повика да се започне иницијатива за формирање заедница на албански општини во Северна Македонија, по сличен модел како и косовскиот.

Предлогот го отфрлија и ДУИ и ЛДП.

Related posts

“Работниците немаат за леб, а функционерите на колачи”: ССМ контра Бесими

admin

НОВИОТ ЗАКОН ЗА ПОТРОШУВАЧИ КАКО ПОМОШЕН ЛЕК ЗА КРИЗНОТО ПРОФИТЕРСТВО И НЕЧЕСНИТЕ ТРГОВЦИ?

ninja

Полициска акција во Тетово, приведени две лица

admin

Таравари до министерот Шаќири: Запри ја партизацијата на Тетовскиот универзитет

admin

Кастриот Реџепи: ВМРО-ДПМНЕ не е проти АзА, тие го поддржуваат Таравари во Гостивар

admin

По месец дена потрага уапсен индиски сепаратист

admin