2 март, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ТАРАВАРИ: БИ ПОДДРЖАЛЕ И МАЛЦИНСКА ВЛАДА, НО ПОДГОТВЕНИ СМЕ И ДА РАКОВОДИМЕ СО ОДРЕДЕНИ ИНСТИТУЦИИ

Претседателот на Алијанса за Албанците (AA), Арбен Таравари вечерва изјави дека за неколку дена ќе се знае дали тие ќе станат дел од Владата или не. Оваа работа, тврди тој, не е завршена. АА би можела да поддржи и малцинска влада, но тие, вели Таравари, подготвени се и да преземат одредени одговорности и да раководат со институции.

„Мислам дека за неколку дена ние треба да одлучиме. Јас планирам идната недела да свикам Централно претседателство и да ја завршиме оваа работа“, рече Таравари за емисијата Вин Вин на ТВ Телма.

Добиваме јасни пораки, вели тој, дека не е добро во 2023 година да се оди на предвремени избори, посочувајќи дека тие би поддржале и малцинска влада без да добијат министерско или директорско место и да бидат бекап на Владата, да обезбедат кворум во Собранието, а Владата да се обиде да направи 80 пратеници за уставни измени.

„И ова сме го понудиле и јавно го кажувам, меѓутоа подготвени сме да земеме и одредени одговорности и евентуално да раководиме одредени институции“, рече Таравари.

Претседателот на АА тврди дека за кадровски прашања воопшто не е разговарано на средбите со премиеротДимитар Ковачевски. На последната средба, најголем дел од времето зборувале за програмското усогласување. Но, тој вели дека една од нивните цели е борбата против корупцијата и дека со раководење во одредени институции тие би го покажале тоа.

Со претседателот на Алтернатива, Таравари вели дека имаат релативно добра комуникација и дека се сретнале два пати и дека нивната намера не е некој да излезе од Владата, туку и АА да даде свој придонес или од надвор или од внатре.

Според него, со бројка од 64 пратеници, многу потешко може да се стигне до бројката од 80 пратеници.

„Со една бетонирана бројка од 70 или 72, плус Беса која што мислам дека би гласале исто како Алијанса, без разлика дали се позиција или опозиција. Мислам дека е многу полесно да се стигне до 80 пратеници од 72 или 74 отколку во оваа состојба во која е актуелното мнозинство“, изјави Таравари, според кого да има уставни измени потребни ќе бидат уште најмалку осум гласови.

Related posts

Благ пораст на бројот на вработените во индустријата

admin

Блинкен во ненајавена средба со Абаз, не поминала во добра атмосфера

admin

ИСЛАМ АБАЗИ ЌЕ ЈА НАСЛЕДИ ВИЛМА РУСКОВСКА ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО

ninja

Харадинај: Курти уште денеска да поднесе оставка, премал е да ја смени ориентацијата на Косово

admin

Убедлива победа на Мицотакис, “згазена” Сириза

admin

Курти и Вучиќ, сепак, потврдуваат учеството на средбата во Брисел

admin