27.8 C
Скопје
11 јули, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ЃУКАНОВИЌ: ГО ПОДДРЖУВАМЕ ЕВРОПСКИОТ ПАТ НА КОСОВО

„Ги разбираме амбициите на Косово да стане членка на Советот на Европа, да добие статус на кандидат за Европската унија и тоа силно го поддржуваме“, изјави денеска претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ по средбата со претседателката на Косово Вјоса Османи.

Ова е прва официјална посета на претседателката на Косово на Црна Гора, каде што престојува на покана на Ѓукановиќ, кој пред вилата Горица ја пречека со највисоки државни почести.

Османи истакна дека Црна Гора досега покажала јасна поддршка за Косово на сите полиња.

„Црна Гора и Косово се суверени држави и јасно посветени на патот кон членството во ЕУ. Ќе продолжиме да работиме со цел да ги решиме прашањата од нашето болно минато. Ќе продолжиме по патот на мирот и стабилноста“, рече Османи.

Таа му се заблагодари на Ѓукановиќ за поддршката, наведувајќи дека членството на Црна Гора во НАТО придонело за мир во целиот регион.

Ѓукановиќ рече дека Црна Гора внимателно следи се што се случува во преговорите меѓу Косово и Србија.

„Убедени сме дека може да се постигне одржлив договор, со решавање на тоа прашање значително би се решила стабилноста на овој регион“, порача Ѓукановиќ.

Владата на Црна Гора, предводена од Демократската партија на социјалистите на претседателот Ѓукановиќ, го призна Косово во октомври 2008 година, осум месеци по одлуката на Приштина да прогласи независност.

Related posts

Идејата на Зеленски за рехабилитација на украински деца и војници се разгледува во Скопје

admin

Таравари: Зошто на Али Ахмети му трепнаа окото кога го спомна зборот „Ветинг“?

admin

Борел со јасна порака до Дачиќ: Прорускиот став и евроинтеграцијата не одат заедно

admin

Македонија ќе распише локални избори за еден месец, кампањите веќе започнаа

admin

Ако сакаа функционерите уште во март можеа да си ги намалат високите плати

admin

МЗ УНИШТИ 67 ИЛЈАДИ ВАКЦИНИ ПРОТИВ КОВИД

ninja