18.8 C
Скопје
3 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

СЕКОЕ ПАТУВАЊЕ, КОЛКУ ДА Е ДОЛГО, ИМА И КРАЈ

Пишува: Насер Нуредини

Три и пол години во функција на министер со мисија полна со институционални, семејни и лични предизвици. Цело време бев загрижен за една работа: кога и да ми заврши патувањето, да успеам да излезам со чисто лице пред луѓето. Лично јас, но и моето семејство вложивме и жртвувавме многу. Само по 6 месеци на ова функција се соочив со кризата на пандемијата која дополнително ми ја отежнуваше работата, а потоа цело време „учев“ во криза.

На почетокот на мандатот, ресорот што ми беше доверен да го управувам имаше минимален потенцијал со максимални потреби и очекувања. Буџетот го „затекнав“со 7 милиони евра, а го оставам со портфолио од околу 300 милиони евра. Не случајно овој ресор, некогаш маргинален и непосакуван, денес стана толку привлечен.

Се трудев максимално, полн со убедување и чисти намери да им служам на граѓаните без партиски, етнички и просторни разлики, секогаш врз основа на сфаќањето на мисијата дека да се биде министер значи да им служиш на граѓаните. Дали сум успеал, ќе покаже времето и самите граѓани.

Од самиот почеток имав едно единствено барање од лидерот на партијата, господинот Ахмети, а тоа беше да ми даде простор да ги имплементирам моите методи на управување и методологии стекнати од моето претходно искуство. Благодарен сум што ветувањето го одржа цело време додека сум во службата. Можеби побарал од сите структури да ме поддржат. Едноставно, освен понекоја моментална лична конфронтација, имав коректна поддршка од сите мои колеги (не само од субјектот што го претставував) како и од други структури. Воедно, им благодарам на двајцата премиери со кои работев овој период кои, исто така, ме поддржаа.

Им благодарам на мојот Кабинет и на сите колеги во Министерството за соработката, посветеноста и професионалноста покажана во овој период. Мислам дека не беше толку лесно да се работи со мене со оглед на мојата западна работна култура.

Се извинувам за сите пропусти што ненамерно сум ги направил во меѓучовечките односи.

Посебна благодарност до меѓународната заедница и до сите амбасадори со кои тесно соработував и кои безрезервно ме поддржуваа како во генерирањето средства и грантови, така и во изготвувањето на политиките за животната средина.

Во посебен извештај во форма на отчетност ќе го информирам субјектот за сите активности, дејствија, завршени проекти и оние кои се во процес во текот на целиот период на моето раководење, и кој ќе го објавам за да го исполнам ветувањето за целосна транспарентност кон сите граѓани, а не само до членството.

На крај, апелирам до одговорните институции, особено до Државниот завод за ревизија, што е можно поскоро детално да ги ревидира сите мои активности, како и оние на ресорот што го управував и тоа од првиот ден од моето стапување на функција и јавно да ги објави.

Се надевам дека со овие постапки и политичко однесување некако придонесов да се создадат навики и модели за подобро владеење кои толку ни се потребни.
Упатувам апел до следниот министер да продолжи онаму каде што застанавме и да ги заврши преостанатите започнати процеси, а тие се многу, во интерес на остварување на поставените цели од зелената агенда, постигување на европските стандарди и целите за одржлив развој на државата.

Превземено од профилот на авторот на Фејсбук 

Related posts

ВИЦЕПРЕМИЕРОТ БИТИЌИ НАЈАВУВА УВОЗ НА ЕВТИНА РАБОТНА СИЛА

ninja

Само 17 пратеници “за”: Зошто пропадна обидот за амнестија?

admin

Мицкоски: Стојам позади кажаното за Груевски и ја затворив темата

admin

ЕУ И АЛБАНИЈА ОДРЖАА СОВЕТ ЗА СТАБИЛИЗАЦИЈА И АСОЦИЈАЦИЈА

ninja

Бејта се врати кај Ахмети, заедно во Горно-рекански средби

admin

ШОЛЕ И ЕСКОБАР ЈА ОДЛОЖИЈА ПОСЕТАТА НА СКОПЈЕ

ninja