17.8 C
Скопје
12 јули, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

АГЕЛЕР: ЕДНО ИЛИ ДВЕ ИМИЊА ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИМА НА „ЦРНАТА“ ЛИСТА НА САД

„Во наредните месеци може да видиме едно или две имиња“ – тоа е одговорот на американската амбасадорка на прашање поврзано со т.н. црна листа и можноста на неа да се најдат нови лица од земјава поради нивна поврзаност со коруптивни дејства. Анџела Агелер, која денеска беше во посета на скопското обвинителство, настапи внимателно, без многу да навлегува во детали, но сепак доволно јасно за да прати порака за тоа, какво за американската администрација, е значењето на борбата со корупција.

„Не постои само една, имаме повеќе листи. Тие листи кои се креираат во Вашингтон се многу динамични и не очекувајте дека еден ден ќе чукнеме на врата и ќе кажеме `еве ја листата, завршивме`. Тоа е постојан процес зашто корупцијата и нејзините многу форми се случува секој ден. Има лица кои вредат да бидат разгледани…, бидејќи системот во Вашингтон е законски многу внимателен, нему му треба време и истражување на наводните криминали за да се осигура дека на листа нема да ставиме некој кој таму не припаѓа. Станува збор за процес што се менува и мислам дека во наредните месеци ќе видиме едно име или две и тоа е процес што ќе продолжи. Не застанува тука“, вели Анџела Агелер, амбасадорка на САД.

Уверува дека за неа лично, но и за нејзиниот тим, зајакнувањето на судството и обвинителството е еден од главните приоритети. За таа цел е и донацијата на компјутерска и техничка опрема за истражниот центар во скопското обвинителство со што треба да се подобри неговата ефикасност. Дали таа гледа напредок во справувањето со корупцијата откако ја презеде функцијата?

„Јас сум овде од ноември, а корупцијата во земјава постои многу долго. Тоа не е проблем што може да се реши за неколку месеци и постојат системи кои треба да се преиспитаат. Затоа е полесно да се дојде тука и да се види како криминалните дела се процесираат, без разлика дали се финансиски, или примери на корупција.. Ние сакаме да бидеме партнери со земјава на начин на кој на граѓаните ќе им стане јасно дека овој систем постои за нив. За тоа ќе треба време, тоа не е нешто што еден компјутерски систем веднаш ќе го реши. Но, ова прашање е приоритет. Јас, за време на мојот амбасадорски мандат имам една цел – тоа е да се осигурам дека јас и мојот тим ќе направат се што можеме да ја зголемиме довербата на граѓаните на Северна Македонија во судството. Ако има начини тоа да го направиме, јас ќе сторам се што е во моја моќ тоа да се случи“, додаде Агелер.

Агелер не сакаше да го коментира изборот на роднини на високи функционери во редот на судии и обвинители, но истовремено наведе дека американските закони за превенирање непотизам се многу силни. Токму последниот избор, во кој меѓу другите кандидати, се најде и синот на спикерот Талат Џафери, за опозицијата, но и за дел од јавноста претставува потенцијална опасност за корупција.

Related posts

Владата и невладините во клинч – соработка на „стаклени нозе“

admin

Се приближува крајот на скринингот, сеуште не се наѕира договор за уставните измени

admin

ПРОЦЕСОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕУ ДОБИВА НОВ ЗАМАВ

ninja

Која е Билјана Ангелова, новата ректорка на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“?

admin

„РАСТРЕСУВАЊЕ“ НА АДМИНИСТРАЦИЈАТА, ЌЕ СЕ ЗАТВОРААТ АГЕНЦИИ

ninja

Незири: Не ЕУ, туку институциите се виновни за долгото чекање пред ЕУ

admin