21.8 C
Скопје
23 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

„АКО УКРАИНА ПРЕСТАНЕ ДА СЕ БОРИ ТОА ЌЕ БИДЕ НЕЈЗИНИОТ КРАЈ“

Ако Русија престане да се бори, тоа ќе значи крај на војната, но ако Украина престане да се бори, тоа е крај на Украина, вели во интервју за ДВ, бугарскиот политолог Иван Крстев. Со него разговараше Александар Андреев.

ДВ: Господине Крстев, кога очекувате дека ќе заврши војната во Украина?

Иван Крстев: Ако некој го знае одговорот на ова прашање, тогаш тоа сигурно е една личност што не дава интервјуа. Русија ја започна оваа војна, но ако внимателно го слушавте говорот на претседателот Владимир Путин, веројатно сте добиле впечаток дека тој зборува за долга, бескрајна војна. Ова ме тера да мислам дека евентуалниот привремен прекин на огнот не значи и крај на војната. Ако Русија престане да се бори денес, тоа е крајот на војната, но ако Украина престане да се бори, тоа е крај на Украина.

ДВ: Руската пропаганда тврди дека Западот е сам против Истокот, односно против Русија и Кина. Од друга страна, глобалниот Југ ги поддржува Русија и Кина. Точно ли е тоа?

Крстев: За нас Европејците оваа војна е од егзистенцијално значење, за речиси сите надвор од Европа, тоа е само уште една војна. Земјите како Индија или Бразил не ја поддржуваат Русија, но она што им е важно не е како ќе заврши војната, туку кога ќе заврши.

ДВ: А што е со Кина? 

Крстев: Позицијата на Кина е посложена. Не знаеме дали кинеската мировна иницијатива од пред една недела е плод на желбата на Пекинг да стане портпарол на незападниот свет или е чекор кон поактивна поддршка за Русија. Не е тајна дека на Москва и е очајно потребна муниција, а руското раководство врши притисок врз Кина да и ја обезбеди оваа муниција. Пекинг ја гледа оваа војна низ призмата на засилената конфронтација со САД, во оваа смисла, воената поддршка за Москва значи повеќе проблеми за САД во Европа, но таквата поддршка значи и прекин на односите со ЕУ.

Џо Бајден
„Војната ја потврди целосната зависност на Европа од САД за нејзината воена безбедност“, вели КрстевФотографија: Andrew Harnik/AP/picture alliance

ДВ: Изминатава година во Европа имаше широка поддршка за Украина, воена, политичка и морална. Колку е стабилна таа поддршка?

Крстев: Таа е кревка затоа што зависи од четири фактори кои можат многу нагло да се променат. Најважниот фактор е она што се случува на фронтот: руските воени победи би го разнишале чувството на Европејците дека Украина може да победи. Вториот фактор е чувството дека Европа станала посилна. Во оваа смисла, секоја криза во една или друга европска земји може негативно да влијае на јавното мислење. Третиот фактор што ја одредува јавната поддршка за Украина е американската политика во Европа. Во оваа смисла, војната ја потврди целосната зависност на Европа од САД за нејзината воена безбедност. Значи, ако нешто се случи во САД, ако има друг претседател со поинаква политика во однос на Украина, овој тип на консолидација што ја гледаме во Европа веројатно нема да трае. А последниот фактор што може да го наруши европското единство е засилувањето на економските стравови на Европејците. Што значи дека на долг рок, поддршката за војна ќе зависи од тоа како се чувствуваат луѓето во нивните земји.

Украина Војна
Голем дел од руското општество ја прифати војната, смета Иван КрстевФотографија: Oleksandr Ratushniak/REUTERS

ДВ: Многу добро ја познавате ситуацијата во Русија. Може ли Русија да се уништи себеси со оваа војна, или, можеби, ќе го урниса светот каков што го знаеме? 

Крстев: Веројатно и двете се можни. Во оваа фаза, едно е видливо: голем дел од руското општество ја прифати војната. Или поточно кажано, многу луѓе повеќе ја делат идејата дека „ова не е моја војна, но ова е мојата земја“. Колку повеќе напредува војната, толку повидливи стануваат два сосема различни процеси. Од една страна – кога и да загинат толку луѓе (а факт е дека Русија губи ужасно многу луѓе во оваа војна), мајките на овие војници не можат да дозволат да се каже дека нивните синови загинале залудно. Така се појавува идејата дека ова е важна војна, дека знаеме за што гинеме. Колку повеќе луѓе гинат, толку повеќе се засилува тоа чувство. Во исто време, колку повеќе луѓе умираат, толку повеќе мајките на оние кои сè уште не умреле почнуваат да си ги поставуваат прашањата „За што точно умираат нашите деца? Кога ќе заврши оваа војна?“. Но, морам да признаам дека во овој момент сум многу скептичен дека војната ќе заврши, затоа што Русите ќе излезат на улица.

Бугарскиот политолог Иван Крстев е раководител на Центарот за либерални студии во Софија и постојан соработник на Институтот за општествени науки во Виена.

Related posts

КОВАЧЕВСКИ: И ЕВРЕИТЕ ЌЕ ВЛЕЗАТ ВО МАКЕДОНСКИОТ УСТАВ

ninja

Се исклучиле, самоисклучиле или се дел од ДУИ? Ахмети вели дека патиштата со “огнените” се разделени

admin

Кабинет на Ковачевски: За осуда е неинтонирањето на македонската химна и истакнување недржавни знамиња

admin

Русија ја нападна Украина

ninja

Македонските ќебапи од Гарфилд, Њу Џерси најбарани во САД

admin

Дали коалиција со ВМРО-ДПМНЕ е „надвор од масата“ на Алијанса за Албанците?

admin