17.8 C
Скопје
11 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ГЕРМАНИЈА ПОВЕЌЕ НЕ Е ЗАВИСНА ОД РУСКИОТ ГАС

Порано од Русија течеа огромни количества природен гас кон Германија. Но, во екот на војната во Украина, Москва ја затвори „славината“. Но недостатокот на руски гас во меѓувреме е речиси комплетно компензиран.

Германија речиси во целост ја надомести загубата на руските испораки на гас благодарејќи на големиот раст на увозот од Норвешка, Холандија и од Белгија, откако Москва минатата година ги намали испораките на гас поради поддршката на Запад за Украина.

Меѓу 2017 и крајот на февруари 2022 година Германија во просек увезуваше 77 терават часови природен гас месечно, минус извозот, кој беше користен за покривање на националната потрошувачка и полнење на складиштата, се наведува во документот на интернет од германската агенција за гас.

Германскиот министер за економија Роберт Хабек во обиколка на вториот германски терминал за ЛНГ во Лубмин
Германскиот министер за економија Роберт Хабек во обиколка на вториот германски терминал за ЛНГ во ЛубминФотографија: Stefan Sauer/dpa/picture alliance

Наспроти тоа, нето увозот од септември 2022 до крајот на февруари, што значи без руска испорака на гас, изнесувал 72,7 терават часови месечно. Освен тоа, Германија во јануари увезе околу 4 терават часови течен природен гас (ЛНГ) преку новите терминали за ЛНГ на германскиот брег.

Во просек 26 терават часови природен гас месечно во Германија пристигнувал од Норвешка меѓу 2017 и крајот на 2022 година, се наведува во документот, а по запирањето на руските испораки оваа количина порасна на 41 терават часови.

Во меѓувреме, нето увозот од Холандија порасна од 2 на 25 терават часови, додека приливот на плин од Белгија пораснаа од околу 2 на речиси 23 терават часови месечно во просек од септември.

Бројките покажуваат и значителен пад на германскиот извоз на природен гас, на пример во Швајцарија.

Германскиот министер за економија Роберт Хабек се заложи за брзи алтернативи за драстично намалување на зависноста од рускиот гас по стопирањето на испораките од Русија. По итна постапка, тој постигна обемни договори за увоз на гас со неколку земји, на пример со Норвешка, која стана најважниот снабдувач на Германија.  Хабек, притоа, главно се потпираше на увозот на течен гас.

Стратегијата за целосна замена на рускиот гас на германскиот министер за економија, Роберт Хабек (на фотографијата) покажува резултати
Стратегијата за целосна замена на рускиот гас на германскиот министер за економија, Роберт Хабек (на фотографијата) покажува резултатиФотографија: Frank Ossenbrink/IMAGO

Сојузните и покраинските власти изградија инфраструктурата за снабдување со ЛНГ во рекордно време. Сојузната влада наложи изградба на пет пловечки терминали за ЛНГ: два се веќе во функција од почетокот на годинава – една во Вилхелмсхафен, еден во Лубмин.

Сојузната агенција за гас, инаку продолжува снабдувањето со гас на  Германија да го оценува како како „стабилно“.

Related posts

Брегу: Западен Балкан ќе се приклучи на единствениот пазар на Европската унија

admin

Ја памтите ли германска марка?

admin

Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија

admin

Над 8 илјади слободни работни места, се бараат и државни функционери, дипломати, директори…

admin

Со кола возел 6 мигранти, приведен србин во Неготино

admin

Груби: Мицковски е против Албанците, нема проблем да ги изгласа уставните измени

admin