14.8 C
Скопје
26 септември, 2023
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ЕУ ДОНЕСЕ САНКЦИИ ПОРАДИ НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИ

Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, 8 Март, Европската унија првпат воведе санкции поради насилство врз жени и девојчиња. Казнените мерки, меѓу другото, се насочени против министри на радикалните талибанци во Авганистан, како и високи припадници на руската армија и полиција, јавува агенцијата АФП.

Вкупно, санкции во вид на замрзнување на имот и забрана за влез се донесени против девет одговорни лица и три институции.

Санкциите, меѓу другото, се насочени против авганистанскиот министер за високо образование Неда Мохамед Надим и министерот за „ширење на доблести и спречување на пороци“, шеикот Мухамад Халид Ханафи. ЕУ ги обвинува двајцата членови на радикалните исламски талибанци за угнетување на жените и девојчињата и нивно држење подалеку од училиштата и универзитетите.

Руските воени и полициски службеници кои се погодени од санкциите, како што се вели, ги задушувале протестите на жените против војната во Украина и, во некои случаи, извршиле сексуално насилство врз жените демонстранти. Одговорни лица од Судан и Мјанмар, како и еден женски затвор во Иран се исто така на списокот со санкции, кои треба да стапат на сила денеска (7.03),  со објавување во Службениот весник на ЕУ.

Жена во Брисел носи очила на кои е напишано „Стоп за насилството вра жените“ (архивска фотографија)
Жена во Брисел носи очила на кои е напишано „Стоп за насилството вра жените“ (архивска фотографија)Фотографија: picture-alliance/NurPhoto/R. Arroyo Fernandez

„Ова е првпат ЕУ да застане во одбрана на жртвите на сексуално насилство во светот“, соопшти холандското Министерство за надворешни работи, кое тврди дека застапува феминистичка надворешна политика.

Министерот за надворешни работи Вопке Хоекстра изрази увереност дека санкциите ќе имаат застрашувачки ефект врз други можни насилници. „Со носењето на овие санкции испраќаме јасна порака до сторителите дека нема да избегаат од одговорност за своите злосторства. Ова е и порака до жртвите: ЕУ ве поддржува, каде и да сте во светот. Санкциите се моќен начин да се застана во одбрана на универзалните вредности и да се издејствуваат меѓународни промени“, изјави Хоекстра, додавајќи: „Нема да се двоумиме да ја прошириме листата со други сторители на сексуално насилство.“

Related posts

Касами и Гаши кројат опозициски фронт, сакаат да ја урнат владата

admin

Ромни ги користи зборовите на Бајден против него, го повикува претседателот да му се придружи во пензионирањето: „Време е за транзиција“

admin

АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ ОДЛУЧИ – ВЛЕГУВА ВО ВЛАДА

ninja

„Солунската декларација“ – што донесе по две децении?

admin

МВР АНАЛИЗИРА – ЗОШТО ЗАКАНИТЕ СО БОМБИ СЕ САМО ВО ЕДНА СМЕНА ВО ТРИ РАБОТНИ ДЕНА

ninja

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ и СДС дозволија Курти да прогласи “косовски пашалак”

admin