14.8 C
Скопје
26 септември, 2023
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ЕУ: КОРУПЦИЈАТА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Е СЀ ПООЧИГЛЕДНА

Во ЕУ расте загриженоста за „високата политичка и институционална корупција“ во Северна Македонија, која „станува сѐ поочигледна”, брифирале во Скопје високи дипломати на ЕУ во пресрет на  посетата на високиот претставник за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел.

„Корупцијата“, како што се наведува во транскриптот од брифингот до кој дојде ДВ, „сериозно го минира процесот пред условениот старт на преговорите”.

„Мораме со нашите партнери многу повеќе да се посветиме на овие прашања и создадеме нови механизми за кредибилен мониторинг. Темелните вредности – владеење на правото и борба со корупцијата имаме оправдан впечаток дека се сериозно поткопани во вашата земја, а бројот на сојузници во враќањето на довербата е флуктуирачки, недоволен, односно недоволно чесен и кредибилен во намерите“, било кажано на брифингот во Скопје.

На разговорот присуствувале претставници на невладини организации од земјата на кои им било порачано дека ЕУ последните години ги поддржала граѓанското општество и медиумите со речиси 10 милиони евра, а за возврат од нивна страна се бара целосна посветеност кон ЕУ агендата.

Загриженост за состојбите  

Во таа насока, претставниците на ЕУ изразиле загриженост за три детектирани состојби од аспект на медиумите и граѓанското општество: „сѐ поголемото влијание на хибридните закани со цел да извршат ерозија на довербата во системот на земјата и да го поткопаат ЕУ пристапниот процес и преговори; зголеменото ширење на дезинформации и лажни вести, како и недоволната посветеност на дел од про-ЕУ декларираните организации кон Европската Унија и интеграцијата на земјата, и нивната недоволна транспарентност.”

Жозеп Борел
Првиот европски дипломат Жозеп Борел пристигнува во посета на Скопје на 17 мартФотографија: Dora Diseri/DW

ЕУ дипломатите велат дека се „наполно свесни за резигнираноста кај граѓаните и организациите“, откако забележале дека постои „одреден (благ) пад на поддршката за ЕУ кај граѓаните“, „но сепак“ и натаму ја поддржуваат земјата затоа што мнозинството граѓани бараат членство во ЕУ.

За да ги отвори преговорите за членство во ЕУ, Северна Македонија  мора да го смени Уставот и во него да ги вметне Бугарите како заедница.

ЕУ дипломатите велат дека земјата во моментов е во фаза на технички скрининг, а напредокот, односно формалниот почеток на преговорите, зависат од Собранието и политичкиот консензус за решавање на тоа прашање.

Притоа, дипломатите на ЕУ потенцираат дека „исполнувањето на неопходните барања и услови се дел од преговарачката рамка со Европската комисија, а не со земја-членка на ЕУ.” Оттука, од медиумите и граѓанските организации се бара „овие важни информации во интегративниот процес соодветно и правилно да ги соопштат на јавноста и граѓаните”.

 

Related posts

Косово: Изолиран инцидент или ладни проби за жежок конфликт?

admin

ОСМАНИ: НИТУ ЕДНА ВЛАДА, НИТУ ЕДНО ОПШТЕСТВО, НЕ МОЖЕ ДА ИЗДРЖИ ЗАКОЧЕНИ ДОЛГОРОЧНИ ЕУ-ПЕРСПЕКТИВИ

ninja

Анкета: Екстремно десничарската АфД е втората најсилна партија во Германија

admin

Хил: САД се разочарани и загрижени поради одлуката на Курти за табличките

ninja

Грип и корона – ни се заканува ли двоен бран?

ninja

САД ја помагале истрагата за “Скопје 2014”: Борбата против корупцијата е наш највисок приоритет

admin