7.8 C
Скопје
6 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Ковачевски-Сарацин: Гласот за уставните измени е глас за ЕУ

Претстојната одлука за носење на уставните измени пред која е исправена Северна Македонија, како што беше нагласено, е одлука да се биде дел од ЕУ.

Вака заклучиле Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска и специјалниот претставник на Сојузната Влада на Германија за земјите од Западен Балкан, Мануел Сарацин, на денешната средба во Скопје, пренесува Инбокс7.

На средбата присуствуваше и заменик на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ.

На средбата, специјалниот претставник Сарацин ја потврдил силната поддршка на германската Влада за натамошниот напредок на Северна Македонија на евро-интеграцискиот пат и ги реафирмираше заложбите и очекувањата на Германија државата да продолжи забрзано во таа насока.

“Премиерот Ковачевски се заблагодари на континуираната поддршка од Германија, потенцирајќи ја важноста на Резолуцијата на германскиот Бундестаг, со којашто се потврдува силната германска поддршка на Северна Македонија за влез во ЕУ со нејзиниот македонски идентитет, јазик, култура и историја како дел од целокупниот мозаик на европската култура. При тоа, премиерот Ковачевски го истакна очекувањето од Германија, како најголема ЕУ членка, и натаму да игра клучна улога за европската иднина на земјите од Западен Балкан.”, се вели во владиното соопштение.

“Нагласувајќи дека нашата држава ќе продолжи по патот на европерспективите, премиерот Ковачевски изрази оптимизам дека сите политички партии ќе се обединат и ќе се обезбеди неопходната широка поддршка околу остварувањето на заедничката стратешка цел-членството на Северна Македонија во Европската Унија.”

“Заеднички беше констатирано дека во остварувањето на оваа стратешка цел, потребен е заеднички напор на сите засегнати во реализирањето на реформските процеси на земјава, што ќе придонесе до значителен напредок и развој.”

“Заеднички беше констатирано дека Северна Македонија е пред историски, неповторлив момент којшто неминовно води до забрзан економски развој и создавање на просперитетна, европска држава што ќе овозможи поквалитетен живот за сите граѓани.”, се вели во соопштението.

Related posts

Запален автомобилот на Артан Груби

admin

Ковачевски и Мицкоски во кампањи за иднината на Македонија

ninja

СПАСОВСКИ: НАДВОРЕШНИТЕ ЗАКАНИ ЗА БОМБИ ДОАЃААТ ОД ИРАН И ОД РУСИЈА

ninja

Таравари: Нема бидеме во коалиција со ДУИ, време е АзА да оди сама на избори

admin

Лишен од слобода албански државјанин, користел лажна патна исправа

admin

Бајден поддржа обука на украински пилоти за борбените авиони Ф-16

admin