32.8 C
Скопје
25 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ИНСАЈДЕР: РУСИЈА САКА ДА ГИ ЗАТВОРИ СЕВЕРЕН ТЕК 1 И 2

Руската влада не очекува подобрување на односите со Западот, поради што не може да се очекува дека цевките наскоро повторно ќе бидат потребни, јавува агенцијата Ројтерс повикувајќи се на информации од две лица запознаени со процесот. Друг инсајдер во Русија дури изјавил оти владата во Москва го смета проектот за „закопан“.

Во меѓувреме, двајца други познавачи на состојбите информираат дека цевките од гасоводите би требало да се конзервираат, односно да се чуваат во состојба што нема да оневозможи идно реактивирање. Ова веројатно би значело оти цевките оштетени од експлозии ќе бидат запечатени, за да се заштитат од водата на Балтичкото Море. Доколку течниот гас ЛНГ, кој сега се користи како замена за руски гас, стане прескап, можеби повторно ќе постои потреба од руски гас, велат инсајдерите.

До запирањето на испораката на гас, Русија преку гасоводот Северен тек 1 пумпаше гас од Сибир до Германија и другите европски земји. Северен тек 2 не беше пуштен во употреба поради рускиот напад на Украина. Гасоводите беа оштетени од експлозии во септември 2022 година. Рускиот гасен гигант Газпром соопшти дека технички е можно да се поправат оштетените цевки.

Оперативните компании наСеверен тек 1 и Северен тек 2, не се изјаснуваат околу ова прашање, а енергетскиот концерн Е.ОН, кој е кој е малцински акционер во Северен тек 1, објаснува: „Според нашите сознанија како малцинскиот акционер, не е донесена одлука ниту ‘за’ ниту ‘против’ обновување на линијата“.

Karte Infografik Nord Stream 1 und 2 EN

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Пексов, во меѓувреме реагираше со изјава дека одлуката за иднината на Северен тек треба да ја донесат сите кои имаат удел во гасоводите. „Се разбира дека е тоа одлука која треба да биде донесена од страна на сите кои имаат удел“, рече Песков во Москва./DW

Related posts

ЕУ ЈА ИСПОРАЧА ВЕТЕНАТА ПОМОШ – 80 МИЛИОНИ ЕВРА СЕ ДОСТАПНИ ЗА ДРЖАВАТА

ninja

Македонскиот идентитет не е тавче-гравче“ – изјава на Кос предизвикува политичка бура

admin

Техничката влада како линија на фронт во македонската предизборна архитектура

admin

Северна Македонија без напредок во борбата против корупцијата

admin

Пукање пред Белата куќа: Тајната служба ликвидираше вооружен маж

admin

Брегу: Почна намалувањето на цените за роаминг меѓу Европската yнија и Западен Балкан

admin