22.8 C
Скопје
9 октомври, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

КОЈ ИМА АМБИЦИЈА ДА БИДЕ ПРВИОТ ПРЕМИЕР АЛБАНЕЦ?

„Немам амбиција да бидам првиот премиер Албанец“, ваква порака испрати денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, откако во јавноста се поактуелно станува прашањето околу спроведувањето на коалицискиот договор од 2020 година меѓу СДСМ и ДУИ, потпишан од тогашниот премиер Зоран Заев и Ахмети, со кој се превидува во последните 100 дена од Владата премиер да биде личност од албанска националност.

Груби вели дека  повеќе сака да остане запаметен како по реализацијата на проектите од коридорите 8 и 10д, односно за изградбата на автопатот Скопје-Блаце и по воспоставувањето на врската Приштина-Скопје-Тирана. Тој во гостување на косовската телевизија „Дукаѓини“, порача дека кандидатот за премиер Албанец ќе го предложи лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Сигурен е дека Ахмети „нема да погреши во изборот“.

„Ова е проект на Али Ахмети за да ги урне табуата. Дојде време да се надминат предрасудите со изборот на албански премиер“, смета Груби.  Тој тврди дека и актуелниот премиер Димитар Ковачевски „ветил дека договорот ќе важи“ и дека во последните 100 дена тој ќе треба ја напушти Владата и да биде заменет со албански премиер.

Димитар Ковачевски
Дали премиерот Димитар Ковачевски им ветил на ДУИ дека договорот со Заев ќе важи?Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Ќе важи ли договорот?

„Ковачевски на првата средба пред да биде избран, на која беше и Зоран Заев и други, вети дека ќе важи истиот договор што беше постигнат со Ахмети и се ракувавме. Тој рече дека во последните 100 дена, кој и да е, ќе ја напушти функцијата, а Албанец или Албанка ќе биде премиер“, рече Груби.

Ова прашање деновиве го отвори и министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој како и Груби порача дека за неколку месеци Владата на Северна Македонија ќе го има првиот премиер Албанец, што се толкуваше како отворање на можност за предвремени избори.

ДУИ му одбројува на Ковачевски?

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа по изјавата на Груби. Опозициската партија порачува дека со изјавата на првиот вицепремиер Артан Груби во која вели дека земјава наскоро ќе го добие првиот премиер Албанец, а  со тоа е согласен и премиерот Ковачевски, е потврда дека ДУИ му ги одбројува месеците на премиерот на оваа функција.

„Ова е потврда и дека Ковачевски ја доби фотелјата на подарок, а сега ја чува за Артан Груби. Дали Груби ќе биде премиер не знаеме, но знаеме дека Груби ги исполнува двата услови за наследник на Ковачевски. Првиот е да е еклатантно неспособен, а вториот – да е доволно криминален, за да биде достоен наследник на Ковачевски“, изјави портпаролот на опозициската партија Наум Стоилковски.

Related posts

Не, „камерите што казнуваат“ се’ уште не се во функција, но дали снимаат?

admin

ПРОЦЕСОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕУ ДОБИВА НОВ ЗАМАВ

ninja

Мишел: ЕУ мора да биде подготвена за ново проширување

admin

Заев за Катимерини: Пред Преспа бевме поблиски со Турција, сега сме со Грција

admin

Туризмот колатерална штета на македонско бугарскиот спор

admin

Илинденски пораки: Наместо поделби, обединување за општо добро

admin