14.8 C
Скопје
24 мај, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИСВЕТ

ТРАМП ПОВИКУВА НА ПРОТЕСТИ: „ВО ВТОРНИК ЌЕ МЕ УАПСАТ!“

„Водечкиот републикански кандидат и поранешен претседател на САД ќе биде уапсен во вторник идната недела. Протестирајте, вратете си ја нашата нација!“, напиша Трамп денеска (18.03.) на неговата социјална мрежа.

Државниот обвинител на Њујорк води истрага против Трамп за плаќање мито на една порно-актерка. Адвокатите на Трамп наводно пред шест години ѝ платиле на Сторми Даниелс да молчи за нејзината наводна афера со Доналд Трамп, а њујоршкото обвинителство размислува околу можноста да покрене обвинение по таа основа. Американските медиуми сметаат дека тоа ќе се случи во следните неколку дена. Трамп би бил првиот бивш претседател на САД обвинет за сомневање дека извршил кривично дело.

Related posts

Разногласие во Влада – од прелажани до непослушни министри

admin

Објавени податоците од пописот за 2023 година, Албанија со минус 429 илјади жители

admin

Пендаровски не верува во големи промени во НАТО по изборите во САД

admin

Рашела Друмер: Наама е со македонско потекло, молиме Македонија да помогне да ја спасиме од Хамас

admin

Неверојатно: Авион на Wizz Air полн со патници слета на непозната локација

admin

Цензусот ќе пресуди кој ќе дава мандат за нова влада

admin