3.8 C
Скопје
19 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕГИОН

ВУЧИЌ И КУРТИ ГО ПОТВРДИЛЕ СВОЕТО УЧЕСТВО НА СРЕДБАТА ВО ОХРИД

Претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово Албин Курти го потврдиле своето учество на средбата на високо ниво во Охрид, на 18 март, соопштија од канцеларијата на ЕУ во Скопје.

Состанокот е на иницијатива на шефот за надворешна политика на ЕУ Жозеп Борел. Негов е и изборот состанокот на високо ниво во рамки на дијалогот Белград – Приштина да се одржи во Охрид.

Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак, ќе одржат одделни средби со лидерите, по што ќе следи заедничка трилатерална средба. На средбата ќе стане збор за финализирање на Анексот за имплементација на Договорот со ЕУ за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија.

Во меѓувреме Лајчак од попладнево ја почнува дводневната посета на Приштина. А по Приштина ќе го посети и Белград.

Минатата недела Лајчак најави посета на Приштина и Белград со цел да се преземат дополнителни чекори за усогласување на патоказот за имплементација на договорот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, пред средбата на највисоко ниво во Охрид на 18 март.

Предлогот на ЕУ за нормализација на односите не е потпишан, иако двете страни се усогласија околу текстот на договорот.

Од ЕУ на 2 март соопштија дека, откако двете стани се усогласиле за предлогот, не е потреба понатамошна дискусија, и дека тестот сега прераснува во „договор за патот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија.

Европскиот предлог, кој има поддршка од западните земји, се состои од единаесет точки и има за цел да ги реши разликите меѓу двете страни.

Во него експлицитно не се споменува меѓусебно признавање, но во членот два се вели дека страните мора да ја почитуваат независноста, автономијата и територијалниот интегритет, правото на самоопределување, заштитата на човековите права и недискриминацијата.

Се предвидува посебен аранжман за српската заедница во Косово, гаранции за СПЦ и признавање на државните симболи, царински печати, регистарски таблички и дипломи.

Related posts

МЕШАЊЕ ВО ПАЗАРОТ ИЛИ БОРБА ПРОТИВ ПРЕХРАНБЕНИ КАРТЕЛИ?

ninja

Администрацијата ќе се штити од сајбер напади за 45 милиони евра

admin

Израел ќе одбие визи за претставници на ОН по говорот на Гутереш за војната во Газа

admin

Вметнувањето на етничките Бугари во Уставот може да го наруши внатрешниот етнички баланс

admin

Донесен деловник за уставните измени, формулацијата „20 проценти“ не се чепка

admin

СТРАЗБУР ЗАСЕГА НЕ ГИ ОСЛОБОДИ ОД ГОНЕЊЕ ГРУЕВСКИ И ДРУГИ ЕКС-ФУНКЦИОНЕРИ

ninja