14.8 C
Скопје
26 септември, 2023
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНА

Бесими – Автопатиштата на Бехтел и Енка ќе донесат економски развој

Проектот за автопатиштата од коридорите 8 и 10 д неколкукратно ќе ја подобри економската позиција и економскиот развој, со ефект од околу 2 отсто од БДП на годишно ниво, или 10 отсто од БДП во текот на пет години колку што ќе трае, вели министерот за финансии Фатмир Бесими.

Тој вели дека со изградбата на четирите автопатишта Македонија ќе стане крстосница на европските патишта, на клучните паневропски коридори, што е стратешки важно како за нас, така и за целиот регион.

Министерот во интервју за „Гласот на Америка на македонски јазик“ (ВОА) вели дека владата очекува инвестициите во вкупната економија во следните пет години од сегашните 31 до 32 отсто да пораснат на 38 до 39 отсто.

„На тој начин ќе се генерираат нови работни места, но и економскиот раст ќе се удвои во однос на тоа што бил во минатото, односно од околу 2,5 проценти, би очекувале стапки на раст од 5 проценти просечен годишен раст“, вели министерот за финансии.

Тој објаснува дека овие очекувања се темелат на заложбите на Владата да ги зголеми значително јавните инвестиции, преку крупни капитални проекти како што е почетокот на четирите нови автопати на коридорите 8 и 10д, но и изградбата на источната и западната пруга на железницата на Коридорот 8 и рехабилитација на пругата на Коридорот 10, како и вложување во енергетската независност.

Со Договорот со „Бехтел и Енка“ што беше потпишан на 8 март годинава, ќе се градат четири автопатски делници во должина од 108,8 километри. Вредноста на проектот е 1,3 милијарди евра, без парите за експропријацијата и проектирање. Проектот, од самиот старт е проследен со низа контроверзии.

Заради спроведување на овој договор, ќе се менуваат повеќе закони. Договорот, иако е непознат за јавноста, медиумите, опозицијата, експерти објавуваат информации за можна корупција, штети по домашниот буџет, штети за државата.

Related posts

ДВЕ СУСПЕНЗИИ ВО НАЈАВА ЗА „СЛУЧАЈОТ ОНИШЧЕНКО“

ninja

СУДСКИ СОВЕТ ЌЕ ЈА ПРОВЕРУВА РАБОТАТА НА АПЕЛАЦИЈА ЗА ЧЕТИРИ ПРЕДМЕТИ

ninja

Ковачевски му нудел на Мицковски „пола-пола“: Тоа е најфер, братски

admin

МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ НЕ ГИ ТОЛЕРИРААТ „РАЗЛИЧНИТЕ“

ninja

Зошто паѓа наплатата на ДДВ во време на раст на цените? Беџети: Такви осцилации се можни

admin

СЕКОЕ ПАТУВАЊЕ, КОЛКУ ДА Е ДОЛГО, ИМА И КРАЈ

admin

Leave a Comment