18.8 C
Скопје
15 октомври, 2024
Inbox7.mk
СПОРТ

ВИДЕО: Бензема стана кошмар за Англичаните, Реал со солидна залиха оди за Лондон

Екипата на Реал Мадрид одново блесна во елиминационата фаза во Лигата на шампионите. По двете победи над Ливерпул во осминафиналето, гигантот од Мадрид со сигруни 2-0 славеше и над Челзи во првата четвртфинална средба во европската елита.

    • Извештај од натпреварот:

Со оглед на бодовната негатива во однос на Барселона во Примера, на „кралевите“ приоритет во овој дел од сезоната им е само Лигата на шампионите, а тоа и го покажаа на терен. Момците на Карло Анчелоти одново покажаа карактар и квалитет на европската сцена и без многу проблеми се изборија за солидна залиха за реваншот во Лондон, кој е закажан за по шест дена.

Дуелот на „Сантијаго Бернебеу“ можеше да започне со шок за домашните фанови, но Тибо Куртоа не го дозволи тоа. По само три минути игра зимското засилување на „сините“, Жоао Феликс, му побегна на противничката одбрана и излезе сам пред белгискиот голман, но Куртоа одново покажа зошто долго време е при самиот врв и со одлична реакција ја впиша првата интервенција.

Само неколку минути подоцна пристигна и првото возбудување на спротивната страна, а во фокусот беше Карим Бензема. Францускиот ас најави дека и оваа вечер е расположен за голови и испрати прецизен удар кон голот на лондончани, но Кепа беше на висината на задачата и до одбрани неговиот обид. Сепак, во 21. минута шпанскиот чувар на мрежата не можеше сè сам и Реал Мадрид заслужено дојде до водство.

 

Винисиус беше побрз од одбраната на Челзи и биеше од тешка позиција, а откако Кепа уште еднаш интервенираше на одбиената топка налета Бензема и искусниот напаѓач донесе радост на трибините. За последната „Златна топка“ ова беше единаесетти последователен погодок против екипа од Ангија во Лигата на шампионите, подвиг кој ретко кој друг фудбалер може да го повтори. По примениот гол Челзи се закани преку Стерлинг, но ниту повратникот во првиот состав на „сините“ не успеа да го најде патот до домашната мрежа.

 

Така, на полувреме се замина со минимална предност на „кралевите“, а стартот на вториот дел донесе нов удар за гостите од Лондон, откако Чилвел поради неспортски прекршок заслужено доби директен црвен картон и Челзи последните 30 минути ги доигра со играч помалку. Очекувано, по исклучувањето на англискиот бек, Френк Лампард беше приморан да менува во својот состав, па Стерлинг и Феликс се преселија на клупата, а нивните места ги зазедоа Чалобах и Хаверц.

Промени направи и Анчелоти и со внесувањето на Асенсио и Рудигер го освежи својот тим на теренот, а тоа донесе нова радост на трибините. По една комбинација од корнер, Винисиус додаде до нововлезениот Асенсио, а овој од „прва“ ја погоди целта и Реал поведе со комотни 2-0.

 

До крајот на средбата во Мадрид, Реал имаше уште неколку шанси за поубедливо славје, но Челзи успеа да се одбрани и во својот дом во Лондон ќе брка негатива од два гола.

Related posts

Капитенот на Барселона ќе игра за третина плата само за да остане на „Камп Ноу“!

ninja

ВИДЕО | Спектакуларен гол на Барди донесе реми на Северна Македонија 1-1 со Италија

admin

Касами ја честита победата на Албанија против Молдавија

admin

Оди Адидас, доаѓа Најк: Критики за Германската фудбалска федерација

admin

Јокиќ се враќа во Србија, го очекува вистинско изненадување

admin

Левандовски: Местото на Меси му е во Барса, се надевам ќе играме заедно

ninja

Leave a Comment