5.8 C
Скопје
19 мај, 2025
Inbox7.mk
СПОРТ

Галтие под тешки обвинувања: „Имаме премногу црнци и муслимани во тимот“?!

Тренерот на Пари Сен Жермен, Кристоф Галтие повторно е главна тема во француските медиуми, но овој пат не поради лошите игри и резултати на францускиот шампион.

Наводно, поранешниот директор на Ница, Жулијен Форније, открил дека Галтие е незадоволен, бидејќи во неговиот тим имало премногу црнци и муслимани.

„Имаме ѓубриња во тимот, меѓу кои има црнци, а половина од нив се во џамија во петок. Не смееме да имаме толку црнци и муслимани. Овој тим не ми одговара“, наводно рекол Галтие, а Форније го тврди ова, истакнувајќи дека има доказ во својата е-пошта.

Сега тука мора да се постават неколку логични прашања, од кои првото е зошто ова дури сега се појави во сериозните француски медиуми? Ако ПСЖ сака да го отпушти Галтие, не му требаат вакви обвинувања. Исто така, ова му дава на Галтие сериозна етикета на расист на сите идни работни места, па затоа е неопходно да се почека и да се слушне остатокот од приказната.

Секако, ако тоа се неговите ставови, тогаш се поставува и прашањето зошто дури сега се појавија во јавноста… Галтие ја напушти Ница по една сезона во 2021/22 година, а потоа доби покана од Пари Сен Жермен, која не можеше да ја одбие.

Related posts

ВИДЕО: Бензема стана кошмар за Англичаните, Реал со солидна залиха оди за Лондон

ninja

Касами ја честита победата на Албанија против Молдавија

admin

Кансело може да биде освојувач на ЛШ и со елиминација на Баерн

ninja

Османи поднесе оставка, Шкендија без тренер

admin

Мурињо доби понуда од 100 милиони евра

ninja

Македонија ја победи Бугарија, а тримуфираше хуманоста

admin

Leave a Comment