20.8 C
Скопје
15 јули, 2026
Inbox7.mk
СПОРТ

Капитенот на Барселона ќе игра за третина плата само за да остане на „Камп Ноу“!

Ветеранот во таборот на Барселона, Серхио Бускетс, чиј договор завршува летово, не крие дека би сакал да остане на „Камп Ноу“, за што би прифатил и драстично кратење на платата со оглед на големата финансиска криза на клубот и проблемите со финансискиот ферплеј на Ла Лига.

Капитенот на Каталонците има понуди за многу повеќе пари од Саудиска Арабија и од МЛС, но сака да остане во таборот на Барса, за што се согласил да игра за само третина од платата што ја имаше досега.

Познато е дека Бускетс досега играше за 12 милиони евра годишно, што значи дека ако потпише нов договор, тој би бил на најмногу четири милиони евра по сезона.

Related posts

Левандовски: Местото на Меси му е во Барса, се надевам ќе играме заедно

ninja

Кансело може да биде освојувач на ЛШ и со елиминација на Баерн

ninja

Сака ја “потопи” С.Македонија

admin

Пратеник на Трамп бара ФИФА да го исфрли Иран и да ја врати Италија на Мундијалот

admin

Македонија ја победи Бугарија, а тримуфираше хуманоста

admin

ВИДЕО | Спектакуларен гол на Барди донесе реми на Северна Македонија 1-1 со Италија

admin