22.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
СПОРТ

Левандовски: Местото на Меси му е во Барса, се надевам ќе играме заедно

Роберт Левандовски ги подгреа шпекулациите за евентуалниот кам-бек на Лионел Меси во Барселона. Полскиот напаѓач нагласи дека местото на аргентинскиот виртуоз му е во Каталонија, а најави дека се надева следната сезона да заиграат заедно во нападот на овој клуб.

„Местото на Меси му е во Барселона и доколку се врати би било неверојатно. Сите знаеме дека тој припаѓа тука, во Барселона, но не знам што ќе се случи.

Се надевам следната сезона ќе играме заедно“, рече Левандовски.

Меси во 2021 година поради финансиските проблеми на Барселона замина во ПСЖ. Сепак, веројатно клубот работи на ослободување на буџетот за плати, со цел летово да го врати Аргентинецот како слободен агент.

Related posts

ВИДЕО Повредениот бугарски државјанин е во стабилна состојба, приведени 21 лица

admin

Касами ја честита победата на Албанија против Молдавија

admin

Ристовски: Предложивме да се откаже Олимпијадата или да се сведе на 1.000 учесници, но бевме одбиени

admin

Дали Турција испрати хитмен на Олимпијадата?

admin

Вардарската прослава се претвори во политички и медиумски скандал

admin

Мурињо доби понуда од 100 милиони евра

ninja