9.8 C
Скопје
17 октомври, 2026
Inbox7.mk
СЦЕНА

Рита Ора ќе настапи на Изборот на песна за Евровизија

Пејачката Рита Ора ќе настапи за време на ревијалниот дел на првото полуфинале на годинашното издание на Изборот на песна за Евровизија.

Имено, првото полуфинале на Евровизија ќе го отвори водителката Јулија Санина, изведувајќи дел од песната „Maâk“ на нејзината музичка група „Хардкис“. Истата вечер, Рита Ора ќе изведе микс од нејзините најголеми музички хитови, но и премиерно ќе ја изведе нејзината нова песна „Praising You“.

Исто така, и украинската пејачка Аљоша, која ја претставуваше Украина на Евровизија во 2010 година, ќе има свој настап со британската музичарка Ребека Фергусон.

За време на второто полуфинале ќе настапи и украинската пејачка Марија Јаремчук, заедно со раперот OTOY и 14-годишната украинска претставничка на минатогодишната Детска Евровизија, Злата Џиунка.

Наскоро ќе бидат објавени и имињата на музичките ѕвезди кои ќе настапат за време на големото финале на Евровизија.

Како потсетување, годинашното издание на Евровизија ќе се одржи од 9 до 13 мај, во Ливерпул, Велика Британија.

Related posts

Пижами, кафе и соба девет метри над улицата: Нетфликс смести човек во билборд

admin

Кои лица и материјали се појавуваат во досиејата за Епстин

admin

ЕУ стави крај на уништувањето непродадена облека: Новите правила веќе важат

admin

6 знаци дека сте „хеликоптер баба или дедо“ – и како да ја најдете вистинската граница

admin

Цел град во Шведска се преместува куќа по куќа

admin

Зошто најбогатите луѓе во светот не им ги оставаат милијардите на своите деца

admin