20.8 C
Скопје
29 март, 2024
Inbox7.mk
СЦЕНА

Традиција е традиција: Кралот Чарлс ќе мора да се вози со „ужасна“ златна кочија на неговото крунисување

Британскиот крал Чарлс Трети и кралицата Камила ќе пристигнат на нивното крунисување во Вестминстерската опатија со модерна кочија, а ќе се вратат назад во Бакингемската палата со традиционалната златна кочија од 1762 година. Првата кочија, која е наречена „Diamond Jubilee State“, има удобни седишта, клима и амортизери, а втората кочија, која е наречена „Gold State“, е многу неудобна и „чкрипи како античка галија“.

Возењето во накитената кочија, која дефинитивно наликува на возило од раскошно анимирана бајка, кралицата Викторија го опишала како „вознемирувачко“ и постојано се обидувала да ја избегне нејзината употреба. Исто така, се вели дека Вилијам Четврти, кој го носел прекарот „кралот на морнарите“, повеќе претпочитал да плови на „брод што се тркала по разбранувано море“ отколку да се вози во кочијата „Gold State“. И кралицата Елизабета Втора пристигнала на нејзиното крунисување во 1953 година со „Gold State“ кочијата, а возењето со неа го опишала како „ужасно“.

Крунисувањето на кралицата Елизабета Втора / Фото: PA / PA Images / Profimedia

Мартин Оутс, кој ги одржува кралските кочии, за британските медиуми изјави дека ова возило „не е баш ‘машина за перење’, но додека другите возила се лулаат напред-назад, ова возило се лула од една страна на друга страна“.

Но, традицијата е традиција – кочијата „Gold State“ била користена на секое крунисување од 1831 година. Кралот Чарлс Трети нема да може да ја избегне, но среќна околност е што барем половина од патувањето ќе го помине во удобната „Diamond Jubilee State“ кочија.

Кочијата „Gold State“ / Фото: Yui Mok / PA Images / Profimedia

Кочијата „Diamond Jubilee State“, која првпат беше искористена во 2014 година, има клима, греење, прозорци кои се отвораат, шасијата е од алуминиум, а поддржана е од шест хидраулични стабилизатори.

Но, и во оваа кочија има многу симболика – оградите на седиштата се од кралската јахта „Britannia“, а во неа се вградени и делови од воениот брод на Хенри VIII – „Mary Rose“, делови од јаболкницата на Исак Њутн и делови од базата на Антарктикот на капетанот Скот и Ернест Шеклтон. Позлатената круна одозгора е изработена од даб од бродот „Victory“, а во неа може да се смести и камера за снимање на патувањето.

Кочијата „Diamond Jubilee State“ / Фото: Maureen McLean / Alamy / Alamy / Profimedia

Related posts

Македонските ќебапи од Гарфилд, Њу Џерси најбарани во САД

admin

Зара ја повлече контроверзната реклама

admin

Човекот кој им помогна на Орбан и Нетанјаху да дојдат на власт

admin

Запознајте ја Тифани Чен: Сè што знаеме за девојката на Роберт де Ниро

admin

Почина Тото Котуњо

admin

Како сомелиер ги чува ретките вина од „големото прашање“ на измама

admin

Leave a Comment