27.8 C
Скопје
11 јули, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Османи тужен, но не се појави на рочиштето

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, нема да се појави на денешното рочиште каде што е тужен за клевета, јавува Тв Телма. Од МНР велат дека тужбата од Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) е неоснована. Сметаат дека таа ќе биде отфрлена.

„Министерот Османи нема покана за суд; денес се одржува рочиште на кое се поканети адвокатите. Што се однесува до самата тужба, таа е целосно неоснована. Министерот никогаш не дал изјава што може да се смета за навреда, клевета или која предизвикува штета. Целта очигледно не е правна разврска, туку јавна дискредитација. Веруваме дека во објективна постапка судот ќе ги увиди фактите и соодветно ќе ја отфрли тужбата како неоснована“, велат од МНР.

Од Македонското движење поднесоа тужба против Османи бидејќи тој лани во октомври за бугарската телевизија БТВ изјави дека треба да се види кој стои зад отворањето на македонскиот клуб во Благоевград. Османи го посочи токму ова движење како еден од финансиерите на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград. Рече дека се работи за фондација од Канада, која работи спротивно на интересите на државата и на интересите на македонските стратешки партнери.

Related posts

ЗГОЛЕМЕНОТО КИНЕСКО ВЛИЈАНИЕ ТРЕБА ДА ГО ВКЛУЧИ ЦРВЕНИОТ АЛАРМ

ninja

Молк од Финансиска полиција за предистрагата за Државна лотарија

admin

Курти не се појави во Специјалното обвинителство, ризикува казна или притвор

admin

ЕУ со нови 2.1 милијарди за развој на Западен Балкан

admin

ВИДЕО ВО ЖИВО Мир и демократија наспроти војна и автократија

admin

Брегу: Почна намалувањето на цените за роаминг меѓу Европската yнија и Западен Балкан

admin