13.8 C
Скопје
2 мај, 2024
Inbox7.mk
СПОРТ

Шмајхел: Некои играчи на Јунајтед треба да се засрамат!

Легендарниот дански голман и долгогодишен член на Манчестер Јунајтед, Петар Шмајхел, изјави дека е разочаран од неколку фудбалери на „ѓаволите“ и за нив искрено вели дека „треба да се засрамат“.

Коментарите од Данецот доаѓаат по вчерашниот натпревар во Лига Европа, во кој Јунајтед не успеа да ја совлада Севиља, иако имаше солидна предност од 2-0 до 80. минута. Шмајхел вели дека некои играчи мора да се засрамат и да размислат дали заслужуваат да го носат дресот на славниот англиски клуб.

„Мислам дека ако ги земеме предвид сите настани во второто полувреме, резултатот е веројатно реален. Неколку играчи мораат сериозно да размислат што направија и дали заслужуваат да го носат овој свет дрес. Едноставно, мораат да се засрамат и да побараат прошка од навивачите за ужасното издание на теренот“, изјави Шмајхел.

Пензионираниот голман зборуваше за „Би-Би-Си“ продолжи искрено и „без влакна на јазикот“.

„Де Хеа беше навистина добар, имаше две солидни одбрани, а прими голови не поради негови грешки. Исто така и Сабицер, кој според мене беше најдобар на теренот, заедно со Касемиро. За жал, овие тројца фудбалери немаа соодветна поддршка од своите соиграчи. Се срамам како навивач на Јунајтед, но тие треба повеќе да се срамат.

Требаше на крајот да биде 5-0, а не 2-2“, заклучи Петар Шмајхел кој со Манчестер Јунајтед ја освои Лигата на шампионите во епското финале против Баерн Минхен во 1999 година.

Пензионираниот голман не ги посочи директно фудбалерите кои „треба да се засрамат“, но англиските медиуми пренесуваат дека Данецот најмногу мислел на Бруно Фернандеш и двајцата „стрелци“ на автоголовите, Мегваер и Маласија.

Related posts

Капитенот на Барселона ќе игра за третина плата само за да остане на „Камп Ноу“!

ninja

ВИДЕО Повредениот бугарски државјанин е во стабилна состојба, приведени 21 лица

admin

Левандовски: Местото на Меси му е во Барса, се надевам ќе играме заедно

ninja

Се враќаат со медал од олимпијади, но дома не им се вреднува талентот

admin

Оди Адидас, доаѓа Најк: Критики за Германската фудбалска федерација

admin

Касами ја честита победата на Албанија против Молдавија

admin

Leave a Comment