33.8 C
Скопје
16 јули, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Вметнувањето на етничките Бугари во Уставот може да го наруши внатрешниот етнички баланс

Аналитичарот Џелал Незири вели дека вметнувањето на етничките Бугари во Уставот нема да биде лесно, затоа што набројувањето на делови од други народи во Преамбулата би повлекло и промени во нормативниот дел, во делот кој го уредува Комитетот на односи меѓу заедниците, конкретно, со зголемувањето на бројот на членови во Комитетот, ќе се намали вредноста на гласовите на членовите Македонци и Албанци, пренесува Инбокс7.

“Сега во Комитетот има 19 члена, од кои по седум члена се Македонци и Албанци од редот на пратениците, како и по еден од пратениците Турци, Власи, Роми, Срби и Бошњаци. Ако некоја од заедниците нема пратеници, нивниот претставник го предлага Народниот правобранител. Вметнувањето на Бугарите и на другите заедници во Преамбулата значи дека и тие треба да имаат свои претставници, а тоа значи и свој глас во одлучувањето за прашања во надлежност на Комитетот. Со тоа ќе се намали вредноста на гласовите на членовите Македонците и Албанците, што на некој начин е нарушување и на Рамковниот договор. Сето ова значи дека институциите мора да најдат решение со кои Бугарите ќе бидат вметнати во Уставот, а тоа да не ја наруши воспоставената рамнотежа. Тоа треба да се направи внимателно, затоа што со решавањето на меѓудржавниот спор постои опасност од комплицирање на состојбите на внатрешен план”, вели Незири за „Слободен печат“.

Според аналитичарот Петар Арсовски, властите и во Македонија и во Бугарија обврските на Скопје од билатералниот протокол си ги толкуваат според своите дневнополитички потреби.

“Македонскиот државен врв за измената на Уставот вели дека тоа не е ништо особено, а во Бугарија велат дека измените се во насока дека Бугарите се основоположници на македонската држава. Ниедно од двете не е точно. Ние во билатералниот протокол со Софија и во преговарачката рамка со Брисел имаме точно утврдена обврска што треба да смениме во Уставот. Ако ја гледаме Преамбулата на начин на кој зборува Радев, тогаш во неа ниеден народ не е споменат како државотворен, туку е наведено дека РС Македонија е држава на македонскиот народ, како и на делови од албанскиот народ, турскиот народ итн. Бугарите и другите треба да се вметнат секаде каде се споменуваат другите делови од народи, а тоа се уште две места. Според Уставот, сите граѓани со македонско државјанство кои живеат во Македонија се државотворни, така што овие изјави на Радев ги гледам само како настап пред нивната публика”, вели Арсовски.

Во врска со тезите дека со зголемувањето на бројот на членовите на Комитетот за односи меѓу заедниците ќе се наруши балансот, односно ќе се намали вредноста на гласовите на Македонците и на Албанците, тој вели дека така и треба.

“Тоа е во ред. Токму тоа е и поентата на тој Комитет, да не дојде до мајоризација, односно најголемите заедници да имаат монопол во одлучувањето”, вели Арсовски за „Слободен печат“.

Related posts

Мендух Тачи: Ако Мицкоски освои над 61 пратеник, ќе има конфликт

admin

ВЕТИНГ – СТАРА ПЕСНА ВО НОВ АРАНЖМАН

ninja

Свечла му порача на Вучиќ: Ако се обиде да влезе во Косово, ќе го уапсиме

admin

ТИРЗ ќе дава 500.000 евра за канцелариска опрема и по 20.000 евра за кирија на стадион

admin

Година во која на функционерите им беше добро – Си ги зголемија платите и се спасија од затвор

admin

Маричиќ-Бурк: Ирска може да ни служи како пример за брзо членство во ЕУ

admin