18.8 C
Скопје
3 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНА

ДУИ молчи за исклучувањето на ограноците на Чаир и Сарај, Меџити: партијата е во анархија

Молк во ДУИ еден ден откако ТВ21 објави дека партијата се подготвува да избере нови претседатели во ограноците што ги води „Огнената група“. Телевизијата побарала изјава од портпаролот Бујар Османи, како и од координаторот на изборниот процес Ејуп Рустеми, но одговор не добиле од ниту еден од нив, пренесува Инбокс7.

Еден од лидерите на оваа група, Изет Меџити, е тој што ја потврдува лидерската средба без присуство на фракцијата. Според него, ДУИ е влезена во длабока анархија.

„Одржаа таен состанок на централното претседателство каде од 33 члена, само 7 или 8 члена и двајца членови од генералниот совет. Значи и ова е нестатутарна средба. Онаму каде што се дебатира дали треба да се исклучи огнената група и тоа го прават на перфиден начин“ – изјавил Меџити, кој е и потпретседател на ДУИ.

За евентуалното исклучување на „огнената група“ од партиските органи, Меџити рече дека најлесно е да се формира нова партија. Но, според него, ова е тема која другите се обидуваат да ја наметнат.

„Формирањето на политичката партија, никој нема дилеми дека можеме да ја формираме. За еден ден може да се соберат илјада потписи. Не сакаме да го дефакторираме албанскиот глас. Ги дадовме сите докази и сите можности да се најде решение за обединување, обединување и зајакнување на албанскиот фактор во Република Македонија. Но, не можеме да молчиме кога некој повикува на европски фронт за обединување на Албанците додека неговата партија е поделена“, изјави Меџити.

Изборниот процес на новите шефови на ограноците на ДУИ се очекува да заврши до јуни. За огранокот на Чаир, кандидати се Адријан Муча, Абдилселам Селами и Беким Незири. Неофицијално се дознава дека група луѓе блиски до Назим Буш инсистирале да го преземат огранокот Чаир, но извори велат дека оваа група може да ја поддржи и кандидатурата на Беким Незири.

Related posts

„Не можам да верувам дека зборувам за мојата мртва ќерка“: Потресна исповед на таткото на младата аргентинка која загина во Приштина

admin

Милошоски: СДС да се изјасни – или се за ДУИ, или за Македонија

admin

Таравари: Стигнавме до 10 партии, не знам веќе кој за кого работи

admin

Израел ги бомбардира Газа и Либан, Нетанјаху составува воен кабинет

admin

КАКО СЕ ОДВИВАЛА ШЕМАТА ЗА ПОТКУП НА „ТАБАНОВЦЕ“КАКО СЕ ОДВИВАЛА ШЕМАТА ЗА ПОТКУП НА „ТАБАНОВЦЕ“

ninja

Груби: Али Ахмети ќе ја одредува и идната влада

admin