17.9 C
Скопје
13 мај, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕГИОН

Жељазков: Бугарите да бидат државотворен народ во РСМ

„Бугарија верува дека Република Северна Македонија ќе биде полноправна членка на Европската Унија врз основа на сопствениот придонес. Ние веруваме дека тие ќе ги исполнат условите за членство и не треба да губат време, бидејќи најлошо е да се губи време што ќе се претвори во скептицизам. Потребни им се брзи решителни акти и дефинитивни одлуки без да ја бараат причината надвор од себе. Многу е важно причините, намерите и успесите да бидат нивни“.

Ова во интервју за БГНЕС го изјави претседателот на Народното собрание на Бугарија, Росен Жељазков, по завршувањето на посетата на Ватикан и Италија по повод 24 мај – Денот на Светите браќа Кирил и Методиј, бугарската азбука и култура. .

Во исто време во Рим престојуваше и делегација на македонското Собрание предводена од неговиот претседател Талат Џафери. Двете делегации заеднички положија венци пред бугарската и македонската плоча во базиликата „Санта Марија Маџоре“, во која словенските книги беа официјално признати од папата Адријан Втори.

„Западен Балкан е исклучително важен за Италија и за Светата столица, бидејќи ова е област што дава можности за историски конфликти“, нагласи претседателот на Собранието. Тој посочи дека решавањето на тензиите кои постојат со нашите соседи е тема која „поминува и наоѓа свое решение само и само преку целосна интеграција на земјите од Балканскиот Полуостров“.

Бугарскиот став за РСМ е од особен интерес за Ватикан и Италија, особено за темите што неодамна беа покренати на средбата во Рејкјавик.

„Ние изјавивме дека нашиот став останува непроменет.РСМ треба што поскоро да започне и да го заврши преговарачкиот процес и да стане полноправна членка врз основа на т.н. сопствен придонес. Одлуката треба да биде во насока на исполнување на критериуми за членство и успешно завршување на преговарачкиот процес, а не поради самата политичка одлука“, категоричен беше Росен Желјазков.

Тој истакна дека за Бугарија е важен условот што го постави Европската комисија за уставната промена, во која се вклучени Бугарите како државотворен народ во рамките на РСМ.

„Ова е апсолутен предуслов за почеток на преговорите. Ова не е наше билатерално прашање, тоа е услов што е поставен и евидентиран во условите за почеток на преговорите и го следи ЕК“, додаде претседавачот на Национално собрание.

Жељазков изјави дека ставот на Бугарија не е поврзан со поставување услови или попречување на самиот процес: „Условите ги постави ЕК и за нас е важно тие да бидат исполнети бидејќи се поврзани со правата на Бугарите во РСМ“.

Related posts

Харадинај до косовската опозиција: Зошто се плашите да ме подржите да го рушиме Курти

admin

ЕСМ следната недела ќе соопшти кој се јавил на тендерот за снабдување со природен гас

ninja

Македонски функционери оддадоа почит на Гоце Делчев по повод 122 години од неговата смрт

admin

ЕУ со над 1 милион лица со нелегален престој, се заоструваат мерките за влез во Унијата

admin

Дали исчезна архивата од веб страната на Собранието или миграцијата на материјалите трае предолго?

admin

Конгресот вети дополнителна помош за Украина по разговорот со Зеленски

ninja