23.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Министерот за здравство со шокантна изјава: Се вршат операции со ‘рѓосани алати

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, вели дека во болниците во земјава операциите се вршат со стар и ‘рѓосан алат, пренесува Инбокс7.

Во емисијата Клан Дебата на телевизија КланМ вели дека половина од болниците во земјата не ги исполнуваат условите за работење.

„Оперирана е и госпоѓата новинарка. Така се оперира 10 години. И јас сум изненаден. Нарачавме веднаш. Апсолутно, работи со ‘рѓосани алатки и жал ми е за тоа. Верувај ми. Ако почнеме сега да вршиме инспекциски надзор во сите овие болници, верувајте дека половина од болниците во Македонија не ги исполнуваат условите да бидат болници. Мора да се затворат“, изјави министерот Меџити.

Меџити рече дека овој проблем го покренал во Владата и веднаш презел мерки, но има одложувања поради процедурите.

Related posts

Грција меѓу најскапите туристички дестинации на Медитеранот

admin

Макрон најави заострување на ставот кон Израел ако продолжи да ја блокира хуманитарната помош за Газа

admin

Битка за Струмица: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во трка за бастионот на социјалдемократите

admin

Ахмети за првпат јавно се обраќа на македонски

admin

Растат цените на сите производи и услуги, трошоците за живот зголемени за 13 отсто

admin

Европа остана без својот голем филозоф: почина Јирген Хабермас

admin