35.8 C
Скопје
1 септември, 2026
Inbox7.mk
РЕПУБЛИКА

Касами: За 3 месеци ќе го решам проблемот со кучињата скитници во Тетово

Градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами, вети дека за три месеци во Тетово ќе има прифатилиште за кучиња скитници.

„Со проектот што го работиме за изградба на прифатилиште за бездомни кучиња, оценувам дека ќе бидеме чекор поблиску до конечното решение на овој проблем“, најави Касами.

Тој наведе дека до сега во Општина Тетово се третирани 80 кучиња скитници врз основа на договорот со здружението „Амос“, и додаде дека во последно време се помалку кучиња скитници има во централниот дел на градот.

„Постапките ќе траат бидејќи не е вклучена само општина Тетово, туку и Државниот инспекторат и Државната агенција за ветеринарство. Со овие институции сме во постојана координација за условите и прописите кои одредуваат како може да биде засолниште. Така што во најкраток период ќе се обидеме да формираме прифатилиште и тоа ќе зависи од тоа кога ќе се добие дозвола од овие институции“, нагласи Касами.

Територијата на општина Тетово продолжува да биде една од најпогодените територии од феноменот на кучињата скитници. Касами се пожали дека во Тетово се носат кучиња од други градови. Поради оваа причина Касами побара поголема вклученост и на полицијата.

 

Related posts

Православните христијани во Северна Македонија го слават Бадник

admin

АзА: Мицкоски го рехабилитира и амнестира криминалот

admin

Историски чекор или политичка стапица? Што стои зад резолуцијата со Бугарија!

admin

Предметот што почна по смртта на 14 лица е затворен: Обвинителството не најде основа за гонење

admin

ВЛЕН: ДУИ ги предаде интересите на Албанците

admin

Мицкоски чека „сигнал“ за да се направи чекор напред кон ЕУ

admin