20.8 C
Скопје
2 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Груби и Рустеми ја притискаат кинеската „Синохидро“, патот Кичево-Охрид да заврши до крај на 2023 година

Иако остануваат уште 7 месеци до завршување на работите за изградба на автопатот Кичево-Охрид, сепак се очекува ново одложување. 

Ејуп Рустеми, директор на НП „Државни патишта“, во изјава за ТВ21, вели дека секој ден е во комуникација со преставниците на кинеската компанија за да се завршат работите до крајот на годината, кога истекува дадениот рок.

„Имаме видлива реализација во последно време што ја гледаат и самите граѓани, во постојани разговори сме и го надгледуваме спроведувањето на работите, имаме договор до 31 декември 2023 година да го завршиме проектот и заедно сме секоја недела во средби со супервизорите, со компанијата „СиноХидро“ со сите кооперанти кои работат и секојдневно ги гледаме динамичните планови и нивната реализација“ , изјави Рустеми.

Изградбата на овој автопат вицепремиерот Артан Груби го нарече несреќен проект започнат во 2013 година. Тој подвлече дека неговото завршување ќе биде на крајот на годината или на пролет во нареднaта година.

„Веќе е отворена трасата на патот Кичово-Охрид. Се гради, работите се интензивирани и само што се договоривме со премиерот следната недела да ги повикаме градителите на тие работи и да побараме да се интензивира доизградбата околу годинава или напролет следната година на тој автопат“, изјави Груби.

Related posts

Израел ќе одбие визи за претставници на ОН по говорот на Гутереш за војната во Газа

admin

Руската војска нема да купува оброци од фирмата на Пригожин

admin

Во само една акција Сингапур конфискува имот вреден над 2 милијарди долари

admin

СДСМ ги одреди носителите на кандидатските листи

admin

Бугарски капитал доминантен на македонскиот пазар со брзи кредити

admin

Енергетската криза „изеде“ една гасна централа

ninja