-1.2 C
Скопје
14 декември, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНА

Ковачевски кажува како ќе стигне до двотретинско мнозинство, со или без ВМРО-ДПМНЕ

Или ВМРО-ДПМНЕ ќе се приклучи кон проевропскиот блок цела како партија, или можеби со поединци кои не мислат исто како нивното лидерство и кои искрено сакаат земјата да го продолжи патот кон ЕУ, бидејќи возот е тргнат и враќање назад нема. Ова го изјавил претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, во обраќањето на синоќешната (18.05) седница на партискиот Централен одбор, каде ги информирал сопартијците за средбите со високи државни претставници на САД. Тој потенцирал дека продолжувањето на европскиот пат е значајно од национален, регионален и глобален контекст, и ги потенцирал ризиците за земјата ако биде блокиран тој процес.

„Нашите стратешки партнери САД препознаваат колку е важно да продолжи со евроинтеграциите кои се веќе започнати. На средбите и Блинкен и Ескобар недвосмислено потврдија дека евроинтеграциите на земјава се неповратен процес. Токму затоа и изразија загриженост врзана со блокадата на опозицијата на овие процеси. Доколку ние не продолжиме по европскиот пат, доколку не ги направиме следните чекори, евроинтеграцијата ќе запре и ние повторно ќе се најдеме во состојба на стагнација, како онаа што ја имавме цели 10 години до 2016 година. Тоа е многу опасно за нашата земја и за нејзината иднина“, потенцирал Ковачевски.

Во однос на интеграцијата во ЕУ, премиерот испратил порака дека тоа не е процес на еден човек, ниту само на една партија. Но и дека „од страна на висок американски претставник било кажано дека договорот кој го има РСМ за пристапување кон ЕУ, е најдобриот договор што земјата може да го добие“.

Тој ја повторил оценката дека ВМРО-ДПМНЕ е заложникна проруската Левица, и дека де факто прави блокирање со бескрајни и бесцелни дискусии во парламентот.

„Но од друга страна, јасно е дека во ВМРО-ДПМНЕ има поединци, можеби и пратеници, претставници на раководството, кои не мислат исто како и нивното лидерство и кои искрено и од срце сакаат земјата да го продолжи патот кон ЕУ. Можеби сакаат да бидат дел од европскиот блок. И на тие поединци мислам дека треба да им се даде шанса да се приклучат на возот кој оди за Брисел. Или, ВМРО-ДПМНЕ ќе се приклучи кон проевропскиот блок цела како партија, за утре да не се срамат од одлуките што ги носеле, во минатото. Бидејќи, не им е сеедно кога денес ќе им кажеме дека не го поддржале зачленувањето во НАТО, дека не влегле (во пленарната сала, н.з.) кога се гласаше Договорот со Фронтекс, за првпат на македонски јазик, одобрен од сите земји-членки на ЕУ. Во секој случај, возот е тргнат кон ЕУ и враќање од тој пат нема“, порача Ковачевски.

Од пратеничките редови или од раководството на ВМРО-ДПМНЕ досега нема сигнали или изјави дека го промениле ставот кон обврските што произлегоа од преговарaчката рамка на РСМ со ЕУ. Партискиот лидер Христијан Мицкоски и изминатите денови го афирмираше ставот на партијата дека граѓаните на Македонија што поскоро треба да бидат дел од ЕУ, но процесот да се води исклучиво на европски процеси и принципи, а не под уцени и закани од соседна Бугарија. Тој не гледа можност за напредок во интеграцискиот процес во мандатот на сегашната влада, туку во мандат на влада што ќе ја преводи ВМРО-ДПМНЕ.

„Ние бевме првата држава од регионот која го потпиша Договорот за стабилизација и асоцијација, станавме кандидат за ЕУ заедно со Хрватска, а требаше и да станеме членка на НАТО во исто време. Сепак, од непринципиелните барања на нашите соседи, ние и денес сме во лобито – надвор од преговорите. Но, не смееме да се откажуваме. ВМРО-ДПМНЕ и владата која ќе ја предводи ќе направи сѐ што е во наша моќ да ги исполниме вистинските критериуми за членство, да направиме вистински реформи во економијата, да завладее правото и да се избориме со корупцијата во општеството. Само на тој начин ќе ја донесеме Европа во Македонија и за македонските граѓани, но и Македонија поблиску до Европа“, посочил вчера Мицкоски на Генералното собрание на Центристричката демократска интернационала (ЦДИ).

 

Извор: ДВ

Related posts

Филипче: На ВМРО и на ДУИ им одговараат наративите на меѓуетнички конфликт и дестабилизација!

admin

АРД за Северна Македонија: Вечна потрага по идентитетот

admin

ПОВЛЕКУВАЊЕТО НА БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР Е НЕУМЕРЕН ГЕСТ

ninja

Петровска за набавката на хеликоптерите: Немаме што да криеме, ќе одговориме на секое прашање од Антикорупциска

admin

Пендаровски ја налути Софија, реагира бугарското МНР

admin

Џафери: Не е вистина дека сум примил допис или материјали од Груевски

admin