29.8 C
Скопје
23 септември, 2023
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Маричиќ: Охридскиот рамковен договор го издржа тестот на времето и покажа дека е успешен концепт

Она што ние сме го надминале пред 22 години, денес се чини невозможно во регионот, затоа со за Европа па и во ЕУ важиме за успешна приказна од која можат да учат и другите.

Ова денеска го изјави вицепремиерот за Европски прашања, Бојан Маричиќ, на панел-дискусијата на тема: „Важноста и улогата на Охридскиот Рамковен договор на патот кон ЕУ и спроведувањето во однос на помалку бројните заедници“, организирана од Здружението за млади, демократија и човекови права УФУК-Скопје, известува Инбокс7.

“Концептот на нашиот Устав согласно Рамковниот договор помогна и во преговорите со Бугарија, правејќи ги бугарските барања во една рамка и порационални, и во создавањето услови за влез на Бугарите во Уставот според рамката која сега ја имаме, не со нешто што ќе направи турбуленција или промена на она сега го имаме, само со додавање на уште неколку заедници во нашиот Устав.”, изјави Маричиќ.

Тој најави процес на подготовка на Патоказ за владеење на правото, во чии рамки е и Акцискиот план за заштита на малцинствата, во кој ќе се одредат мерките за заштита зајакнување на позицијата на секаков вид на малцинства не само етнички.

“Она што го имаме направено во изминатите 20 години ни е вредност и позитивен влог со којшто влегуваме во преговорите со Европската Унија.”, оцени Маричиќ.

 

Related posts

ЗА ДЕВЕТ МЕСЕЦИ 669 ЖЕНИ ПРИЈАВИЛЕ СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО

ninja

ЧАВУШОГЛУ – ДОКОЛКУ АТИНА НЕ САКА МИР, АНКАРА ЌЕ НАПРАВИ СÈ ШТО Е ПОТРЕБНО

ninja

Вулин на “црната листа” на САД: Бил корумпиран и руски играч за дестабилизација на Балканот

admin

Што значи за РСМ стратешкиот договор со САД?

admin

Ахмети: ВМРО има прогресивни сили, време е да поминат уставните измени

admin

Србија преку авионски линии ќе се поврзува со САД

admin