-1.2 C
Скопје
14 декември, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИСТАВ

Мојот пријател Рудичка

Пишува: Трифун Костовски 

Почитувани читатели, денес колумната ќе ја посветам на мојот пријател и соработник Родолфо Пицокери. Прекарот Рудичка сам си го даде само со една цел, да покаже колку е голем.

Со Рудичка другаруваме повеќе од 35 години. Првите контакти се случија во 1989 година, при мојот престој во Лугано на вообичаените и традиционални Крисмас парти. Тогаш се запознав со големиот бизнис пријател на Технометал-Македонија и Технометал –Вардар кој што на големо соработуваше со нашите фирми во Италија и Австрија.

Италијанец по потекло, кој живее во Швајцарија во дистриктот Тичинио, по професија банкар и стопанственик и навистина чудо од човек. Умееше брзо да мисли и користејќи го своето професионално искуство, даваше одлични предлози како одредени проблеми да се надминат.

Соработката со него продолжи и во времето кога преминав да работам во фирмата Ситко, Лугано, меѓутоа вистинската соработка отпочна во 1993 година кога и официјално Родолфо ја прифати мојата покана да биде директор во мојата фирма Кометал -Лтд Лугано, Швајцарија. Да појаснам, со Швајцарија немавме бизниси, меѓутоа нивниот банкарски систем овозможуваше брз, ефикасен и ефтин систем на плаќање за бизниси од светски ранг. Само за споредба ќе споменам кога групацијата Кометал, која беше експонирана во повеќе земји во светот и тоа со свои фирми и претставништва во Австрија, Швајцарија, Полска, Украина, Русија, Англија, Иран и Кина, правеше годишен промет повеќе од 600 милиони долари. Банкарските кредити и услуги споредбено меѓу членките на ЕУ и Швајцарија, беа огромни. Четирикратно помалку ме чинеше финансискиот дел кој го реализирав во Швајцарија, споредбено со Австрија и Англија.

Родолфо беше извонреден преговарач со Швајцарските банки и успеа да се наметне не само во системот на Кометал, туку и пошироко кога говориме за банкаркиот систем. Впрочем идејата да отворам банка во Македонија беше негова , со зборовите „Трифун , ти си чесен човек, а секоја банка ако се води чесно ќе биде извор за многу години стабилен живот за твоето семејство”. За жал Македонија го покажа обратното, во Македонија сѐ врви и поминува, освен чесноста, видовме на дело со Еуростандард банка чија состојба е општо позната- банка однесена во стечај од неразбирливи причини.

Комуникацијата со Рудичка ја практикувавме на професионален, но и на приватен план. Професионално беше трезорот на групацијата Кометал, а приватниот дел е посебна приказна.

Почитувани пријатели, тој е човек од кого не би посакале да се разделите, бидејќи зрачи со позитивна енергија, знаење и љубов. Навивач на фудбалскиот клуб Милан, и тоа ,,окоравен”. Заљубен во својата Италија, ама Северна, која ја именува како Северна Италија, Паданија. Вљубеник и следбеник на Силвио Берлускони и во раните 90-ти години на минатиот век кога во Италија се појавија превривања за поделба на Италија, тој беше првиот поборник Паданија да биде одвоена од Италија. По зборовите на мојот Рудичка, Рим и сѐ што е јужно од Рим е „чентрале Африка”.

Вам почитувани читатели ќе ви звучи чудно, меѓутоа имав прилика да го почувствувам антагонизмот меѓу граѓаните од северниот и јужниот дел на Италија.

Во 1997 година одлучивме да летуваме во еминентниот ресорт ,,Форте вилиџ”на Сардинија со мои пријатели од Македонија, каде посебен гостин ми беше Рудичка со неговата сопруга Луиза. Верувајте ми ,ние Македонците во овој ресот немавме ама баш никаков проблем со службите кои деноноќно ни беа посветени. Арно ама, мојот Рудичка немаше ден да не се испокара со вработените од ресортот, независно дали се тоа луѓе од рецепцијата, келнери или батлери. Свежо ќе ми останат во паметење неговите зборови кога заврши нашето летување. Тој ми рече „Трифун немој повеќе да ме каниш во јужна Италија”. Можеби ова беше и поводот што сите мои следни летувања ги насочив кон Грција и Турција.

Со мојот Рудичка и другарите ги прошетавме со едреници сите грчки острови, на Егејското и Јонското море, со посебни посети на Крит и Пелопонез. Пловејќи многу добро го запознавме и турскиот дел на Егејското море, несомнено за мојот Рудичка најубавата дестинација од нашето летувања, бидејќи по сите негови стандарди Турците беа прекрасни домаќини.

Почитувани читатели ќе ви споменам уште еден мал сегмет за големината на мојот пријател Рудичка.

Вообичаено, групацијата Кометал правеше секоја година Божиќни собири. Овие собири беа правени низ Европа. Последниот таков собир беше направен во Австрија, јужно од Виена во бањскиот комплекс „Плаз Тасмансдорф” . Во забавната програма беше вообичаено секоја фирма и претставништво да се претстават преку перформанси од музичкиот свет. Замислете Рудичка комплетно го имаше симнато светски познатиот состав АББА, копирајќи го нивниот стајлинг со фризура, гардероба, чевли и секако нивната музика и котеографија.

Рудичка и неговиот тим од Лугано беа прогалсени за апсолутни победници на сите дотогаш одржани Божиќни настани во Групацијата Кометал.

Денес Рудичка е пензионер, меѓутоа и натаму е активен на полето на бизнисот. Банког беше негова и на неговиот син Николо дестинација каде отворија синџир на ресторани со италијанска кујна.

Пред 5 години овие поврзани ресторани достигнаа висок рејтинг во тој дел од Азискиот континент, и ланецот беше прогласен меѓу десетте најдобри во тој регион и целото опкружување.

Неговата мудрост гласи: „Биди човек”!

Ти благодарам Родолфо, ми помогна да влезам во светот на бизнисот како голем човек. Учевме и работевме заедно.

Бидете ми здрави и живи ти и твоето семејство.

 

 

Related posts

Образовното „харикири“ на Јетон Шаќири

admin

Демократи или републиканци: Каква американска политика може да очекува Северна Македонија после изборите во САД?

admin

Зеленски бара повеќе авиони да се борат против руските воздушни напади

ninja

Османи: Му се јавив на Ахмети да му кажам што изјавил Мицкоски, се насмеа и ми рече…

admin

РУСИЈА НЕ Е ЦЕЛОСНО ИЗОЛИРАНА НА САМИТОТ НА Г20

ninja

Нуклеарното вселенско оружје на Русија е ризик за сите

admin