14.8 C
Скопје
6 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Има ли надеж за забрзана интеграција со новиот пристап за проширување на ЕУ?

Европската Унија најави нов развоен план кој би требало да ја забрза интеграцијата на земјите од Западен Балкан. Политичкиот аналитичар Владимир Божиновски е убеден дека новиот пристап на Унијата нема да ја забрза еуинтеграцијата на земјава. Аналитичарот Сефер Селими пак гледа сигнал за зголемено влијание на Унијата врз регионот во однос на идното проширување.

Не верувам во нови форми на асоцирање и членување во Европска Унија, изјави македонскиот претседател Стево Пендаровски како реакција на пораките кои ги упатија дел од европските лидери на безбедносниот форум ГЛОБСЕК во Братислава. Пендаровски во интервју за радио Слободна Европа кое вo целост ќе биде објавено в недела вели дека македонските граѓани се заморени од нови и нови методи според кои треба да се приклучи државата во оваа организација.

„Францускиот претседател Макрон пред 3 години побара нова методологија, која тврдеше дека ќе биде поефикасна и далеку покуса. Велеше како ќе напредувате кластер по кластер, веднаш ќе чувствувате придобивки под членство, нема да чекате до последен момент кога ќе станете полноправна членка. За жал, до овој момент и двете држави од Западен Балкан, Србија и Црна Гора кои се во процес на преговори повеќе од деценија, не почнале практично преговори во новата методологија. Не ни се потребни нови форми на соработка во тоа поле за да станеме членка на ЕУ еден ден“, вели Пендаровски во интервјуто.

Според премиерот Димитар Ковачевски пораките на претседателката на Европската Комисија, Урсула вон дел Лајен и франуцскиот претседател Емануел Макрон, се во насока на изнаоѓање начини како државите кои се дел во преговори со ЕУ да можат и пред влегување во ЕУ да ги користат бенефитите од членството во ЕУ. Во контекст на тоа Ковачевски ги наброја либерализираниот визен режим со ЕУ, како и договорот за намалување и укинување на роамингот меѓу земјите од ЕУ и Западен Балкан.

„Сега се разговара за секторско вклучување коешто би се направило врз основа на взаемна анализа помеѓу државите кандидати и ЕУ за тоа да може да биде на обостран бенефит. Тоа не е никава замена за зачленување во ЕУ, туку само отворање можности што ќе овозможат поголема мобилност на луѓето, поголема вклученост на нашите компании на европскиот пазар и користење на погодностите кои ги имаат државите членки на ЕУ“, изјави Ковачевски по Самитот во Молдавија.

Дел од домашните аналитичари тие пораки ги толкуваат како охрабрувачки, додека други пак сметаат дека се веќе слушнати и без суштина. За политичкиот аналитичар Сефер Селими новиот пристап во однос на проширувањето кој вчера го најави првата жена на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен е охрабрување за земјите од западен Балкан по подолго време, но и сигнал дека влијанието на Унијата кон овој регион ќе се зголемува.

Презентирајќи ги четирите столба кои ги опфаќа овој план, Фон Дер Лајен рече дека до некој степен ова е нов пристап на ЕУ, односно деоа таа не сака само да бара од своите партнери да прават големи чекори кон неа, туку и таа да преземе големи чекори кон нив.

Селими вели дека и ЕУ, но и главните лидери во Унијата сфаќаат дека проширувањето и пристапниот процес на земјите од ЗБ не може да се толкува само како бирократски процес каде што земјите од западен Балкан само ќе ги исполнат условите и ќе имаат прогрес кон ЕУ.

„Се чини дека и лидерите и ЕУ сфаќаат дека моментумот, посебно под притисок на војната која се случува во Украина ги разбуди да мислат на овој процес како на политички, а не само како на бирократски. Тоа подразбира дека вниманието на ЕУ кон овој регион ќе се осврне не само од аспект на дипломатијата, туку нивниот ангажман ќе биде уште поголем и политички концентриран во овој регион. Не само пораките од Макрон и Фон дер Лајен, туку ние гледаме и засилено присуство на европските претставници во земјата кои не ги штедат своите критики кон она што треба да се направи, вели Селими.

Целата анализа прочитајте ја ТУКА

Related posts

ЕУ И ЗАПАДЕН БАЛКАН: ПРИБЛИЖУВАЊЕ ВО ТИРАНА

ninja

ПОЛИТИКО: Се празни касата на ЕУ, членките не даваат дополнителни средства

admin

МВР на Косово: Нападите на северот од Косово се оркестрирани и диригирани од Белград

admin

Да се укинат патните трошоци за пратениците – Ветување коешто „најлесно“ се заборава

admin

ВОЈНАТА ВО УКРАИНА МОЖЕ ДА ПРЕРАСНЕ ВО ВОЈНА МЕЃУ НАТО И РУСИЈА, РЕЧЕ СТОЛТЕНБЕРГ

ninja

Алексеј Навални пронајден мртов во затворот

admin