18.8 C
Скопје
24 септември, 2023
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНА

Пендаровски одби помилување за Јанева, Кочан и Панчевски

Шефицата на поранешното Специјално јавно обвинителство, Катица Јанева, експретседателот на Кривичниот суд во Скопје, Владимир Панчевски и бизнисменот Сеад Кочан остануваат во затвор, откако претседателот Стево Пендаровски ги одби нивните барања за помилување, известува ДВ. Решенијата се очекува да бидат потпишани деновиве, со што засега паѓаат во вода обидите на тројцата осуденици да ги скратат затворските казни.

Барањата изминатиов период ги поминале сите законски филтри во рамките на затворскиот систем, по што изминативе недели биле разгледувани и од страна на Комисијата за помилување на Претседателот, која што е советодавно тело. Таа листа со предлози ја доставува до Претседателот, којшто го има конечниот збор. Од Кабинетот на Претседателот велат дека и Комисијата дала негативно мислење за барањата за помилување. Покрај овие три звучни имиња, намалување на затворските казни побарале и десетици други осуденици. Од Кабинетот на претседателот за ДВ велат дека над стотина барања пристигнале на адресата на Вилата на Водно.

Бизнисменот Сеад Кочан и во 2021 година се обиде да ја намали затворската казна, но и тогаш беше одбиен.

Јанева е осудена на седумгодишна затворска казна поради злоупотреба на службената положба и овластување како специјална јавна обвинителка во аферата „Рекет“. Како што беше објавено неодамна во медиумите, таа работи како библиотекарка во затворот „Идризово“ и ги користи другите поволности коишто ѝ ги овозможува затворскиот систем.

Пресудата за случајот „Рекет“ беше изречена на 18 јуни 2020 година. Јанева беше спроведена во затворот Идризово на 23 јули 2021 година.

Поранешниот претседател на Кривичниот суд – Скопје, Владимир Панчевски,затворската казна од 2,5 години за злоупотреба на службената положба ја издржува од 3 февруари 2022 година.

Бизнисменот Сеад Кочан, се наоѓа во затворот Идризово од август 2019 година, по пресудата за случајот „Труст“ на СЈО, во кој беше обвинет за злоупотреба при постапка за јавни набавки. Тој е осуден на 4,8 години затвор.

Related posts

Реформи на линија со ЕУ-стандарди, а не со неказнивост

admin

Мирно по жестоките судири во Косово, НАТО распоредува дополнителни сили

admin

САМИТ КОЈ НЕ СМЕЕ ДА СЕ ПРОПУШТИ

ninja

ЗАПАДЕН БАЛКАН ДОБРО СОРАБОТУВА НА ХАРТИЈА

ninja

НЕДОСТИГ НА КАТЕТРИ И ПРОТЕЗИ ПОРАДИ РЕГУЛАТИВИТЕ НА ЕУ

ninja

Ужасен топлотен период во Аризона, 55 дена температурите не се спуштија под 45 степени целзиусови

admin