27.8 C
Скопје
11 јули, 2025
Inbox7.mk
ХРОНИКА

Приведени тројца дилери на дрога во Тетово, пронајден кокаин и хероин

На 08.05.2023 околу 17.30 часот во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода К.И.(32) од Тетово. При претрес, извршен со судска наредба во домот во кој престојувал, бил пронајден кокаин, известува МВР.

Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

На истиот околу 20.45 часот во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово, ги лишиле од слобода Ф.Ш.(47) и Б.Ш.(41), двајцата од Тетово. При претрес, извршен со судска наредба во нивниот дом, биле пронајдени и одземени хероин, две странски возачки дозволи и лична карта за кои постои сомнение дека се фалсификувани. Двајцата биле задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави.

Related posts

Пазете да не надминувате над 50 км на час, за еден ден казна за 140 возачи

admin

Претрес во Скопје, пронајдена дрога, приведен дилер

admin

Пронајдени исчезнатите мотоциклисти од Штип

admin

Приведен гостиварец, се однесувал агресивно со вработените на општината

admin

Полицаец под истрага, син му обвинет за насилство и лажно претставување

admin

Мафијашка престрелка во Батинци, еден загинат

admin