17.9 C
Скопје
13 мај, 2025
Inbox7.mk
ХРОНИКА

Пронајдени исчезнатите мотоциклисти од Штип

Денеска во 07.30 часот на планината Плачковица, во близина на хидроцентралата во изградба на Зрновска Река, кочанско, полициски службеници од СВР Штип во координација со претставници на Off-road клуб Штип ги пронашле тројцата мотоциклисти А.С., С.Д. и Б.Т., сите од Штип, соопштува МВР.

Ден претходно, заедно со група мотоциклисти, тие се движеле со мотоцикли на планината Плачковица и околу 19.00 часот се издвоиле од групата кон с.Зрновци, по што биле недостапни.
Тројцата мотоциклисти се пронајдени кај местото Казандол, неповредени, во добра здравствена состојба и вратени.

Related posts

Казнети 30 превозници на ученици

admin

Месечно и до 350 јавувања на СОС линијата за жртви од семејно насилство

ninja

Ужасен случај: 14-годишна натерана на секс со возрасни, се согласила да ги спаси помалата сестра и брат

admin

Двајца полицајци од Велес примиле поткуп за да не изрекуваат глоба

admin

Со кола возел 6 мигранти, приведен србин во Неготино

admin

За еден ден 167 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 155 надвор

admin