5.8 C
Скопје
12 декември, 2024
Inbox7.mk
НАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Ресенските јаболки најздрави во супермаркетите

Преспанските јаболки содржеа најмалку пестициди во споредба со увозните. Невистини се гласините дека јаболката се токсични и дека остануваат резиди од прскањето кои се штетни за здравјето на граѓаните.

 

Пишува: Горан Лефков

 

Јаболката се прскаат и се нездрави за консумација. Ова се шпекулациите кои се појавија на социјалните мрежи. За да ја докаже вистината за ресенските јаболка, Вистиномер купи јаболка од полиците на еден наш голем синџир на супермаркети и ги однесе во единствената Македонска лабораторија, акредитирана и опремена од Европската Унија уште во 2004 година. Во оваа анализа вклучивме 3 сорти на јаболка и тоа наша домашна сорта Ајдарет, (која е застапена на 50-60% од насадите) Црвен делишес увезен од странство и Грин смит, истотака увезен во Македонија.

Анализите покажаа дека во Ајдаретот од Ресен беа најдени 0,07 милиграма Пириментанил, што е 215 пати под највисоката дозволена гранична вредност. Вториот резид што го покажа анализата на Ајдаретот беше Тебофеноксид, а вредноста му беше 0,02 милиграми, што е 50 пати под највисоката дозволена граница.

Според д-р Крсте Ташев, раководител на сектор при Државната фитосанитарна лабораторија, ова се многу здрави јаболка.

„Ајдаретот од Ресен во испитуваните мостри е паметно заштитуван. Најдено е само 0.07 милиграми Пирметанил на килограм, што е над 200 пати помалку од дозволената максимална граница. Од друга страна штом е дозволена толку висока максимална граница од 15 милиграми на килограм, тогаш се работи за пестицид кој не е опасен за здравјето на човекот. Ова според мене е паметна заштита“, смета д-р Ташев.

За нијанса повисоки вредности беа најдени кај увозните јаболка, Црвен делишес и Грин смит.

Кај Црвениот делишес се најдени два резиди од пестициди, Хлорантранилепроб, што е 10 пати под дозволената највисока вредност и Флодоксонил што е 50 пати под дозволените највисоки гранични вредности.

Во Грин смит имаме 0,16 грама Пирементанил што е 100 пати под дозволената горна граница и Ципродинил е 200 пати под дозволената највисока граница.

„Сите три јаболки се здрави и безбедни за конзумирање. Овие се многу ниски концентрации на пестициди во сите три примероци. И се изолирани само два пестициди“, вели д-р Ташев.

Тој само како експерт за безбедност на храната се оградува од репрезентативноста на примерокот и оваа анализа е направена за потребите на Вистиномер.

Третирањето со пестициди сведено на минимум

Марјан Кипријановски
Марјан Кипријановски

Годините кога се третираа јаболката со многу пестициди се одамна зад нас, потенцираат овоштарите.

Сретен Митревски земјоделец од Преспа вели дека денес не е толку исплатливо третирањето со пестициди.

„Едно третирање по хектар ме чини од 150 до 200 евра по хектар. Сто пати ќе помислам дали ќе се расфрлам со употреба на хемија“, вели Митревски.

Цената на препаратите како еден факторите за економичноста ја потенцираше и професорот на Факултетот за земјоделски науки и храна Марјан Кипријановски.

„Нашето јаболко не е отровно. Нашите овоштари можеби најмалку прскаат, посебно сега, кога цените на препаратите отидоа многу високо. Не е како пред 15 години кога многу често се прскаше. Сега состојбата не е таква. За едно прскање, треба 150 евра по хектар. Ако стави 10 прскања, тоа се 1.500 евра. Тоа се многу пари. Преспаните се многу едуцирани овоштари“, смета професор Кипријановски.

Македонските јаболки ги исполнуваат највисоките стандарди

Македонските извозници имаат квалитет со којшто можат да се натпреваруваат на најпребирливите пазари, од аспект на технички стандарди и големина. Дел од нив се присутни на светските пазари.

Игор Митревски, сопственик на компанијата Еврокост од Ресен, компанија која го доби тендерот за снабдување на училиштата со јаболка, потенцира дека се присутни на повеќе светски пазари.

„Ние како компанија-партнер во реализација на овој проект, 10 години се занимаваме со производство, откуп и пласман на овошје на светските пазари, каде се носиме рамо до рамо со најголемите светски производители. Нашите производи ги исполнуваат највисоките стандарди за квалитет, инаку никој нема да не пушти на пребирливите странски пазари“, вели Митревски.

Проектот за давање на јаболка на децата е на Шведската фондација We Effect, Федерацијата на фармери и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Реализатор на терен е Еврокост.

За безбедноста за конзумација на македонското јаболко е потврдено многупати дека ги исполнува стандардите за влез и во најпребирливите супермаркети.

„Не е важно само да има пестициди што се во рамките на максимално дозволените вредности. За некои големи маркети како Лидл на пример се бара и бројот на тие пестициди да биде до 2 или 3. Да не бидат 10 пестициди тоа е кумулативен отров. Ако сакаш да продаваш јаболка во големите маркети како Лидл, нема да поминат. Македонското јаболко може де влезе во секој маркет и да се продава“, вели д-р Ташев.

Сепак за поголема застапеност на нашите јаболка неопходен е модерен пристап во производството што за жал кај нас не се имплементира и не се практикува повисока организација на целиот процес. Затоа нашето јаболко заминува само на ефтините пазари.

„Просечните излезни цени од 2014 до 2019 година за Русија е 43 евроценти за килограм, но за Бугарија е 12 евроценти. Наша просечна извозна цена е 21 цент, во последните 10 години. Италија на пример за Германија извезува по 80 евроценти за килограм“, вели Професор Кипријановски.

За постигнување на поголеми резултати неопходен е организиран и сеопфатен пристап, при пласманот, чувањето на плодот, маркетингот и цела низа на активности што кај нас недостасуваат.

Related posts

Груевски: И Заев и Мицкоски се плашат од моето враќање

admin

По дијагнозата рак: Голема загриженост за кралот Чарлс Трети

admin

Таравари до министерот Шаќири: Запри ја партизацијата на Тетовскиот универзитет

admin

Маричиќ призна: Холандија е загрижена за измените на КЗ

admin

Свечла му порача на Вучиќ: Ако се обиде да влезе во Косово, ќе го уапсиме

admin

„Бум“ на економијата на ЕУ, продолжува нагорниот тренд на раст (инфографик)

admin