35.8 C
Скопје
13 јули, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОН

САД спрема санкции против владата на Косово

Амбасадорот на САД во Косово, Џефри Ховениер, на денешната средба со новинарите, даде детали за барањата на меѓународната заедница до владата на Косово, пренесува Инбокс7.

Покрај исклучувањето на Косово од вежбата „Бранител Европа 2023“ и забраната за лобирање во земјите кои не ги признаваат, тој рече дека неговата земја размислува и за други импликации и дејствија.

Во врска со одлуката на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, да ја подигне подготвеноста на армијата на највисоко борбено ниво, Ховениер рекол: “Никогаш не е добар знак дека соседните земји со заладени односи ги мобилизираат своите сили. Но, сакам да кажам дека во овој момент, она за што сме загрижени се дејствијата што ги презема владата на Косово кои ја создадоа оваа атмосфера на криза на север и тоа мора да се реши.”

Related posts

Зошто Северна Македонија, Бугарија и Русија не се натпреваруваат на Евровизија оваа година?

admin

Пронајдени отпадоци од авион Ф-35 во Јужна Каролина откако пилотот се катапултирал

admin

Коалицијата на власт во Бугарија изгуби клучен партнер пред гласањето за недоверба

admin

Кривични пријави против 34 лица и три фирми за пожарот во Кочани

admin

Има ли владата план како да поминат уставните измени?

admin

Муцунски: Северна Македонија не ја поддржа резолуцијата за Газа во ОН поради недефинираноста на Хамас

admin