-1.2 C
Скопје
20 јануари, 2025
Inbox7.mk
ИНТЕРВЈУ

Сефер Тахири: Дел од медиумите во С.Македонија се наклонети кон Путин

Сефер Тахири е универзитетски професор, медиумски експерт и аналитичар. Во интервју за Инбокс7 тој вели дека во С.Македонија има медиуми кои се наклонети кон Русија и ги промовираат нејзините ставови.

Инбокс7: Имате ли било какви сознанија, информации или али барем индикации за странски влијанија во македонскиот медиумски простор?

СЕФЕР ТАХИРИ: Странските влијанија, секогаш се софистицирани, а во многу ретки случаи се директни и недвосмислени. Од анализата на содржината на одредени медиуми, која ја правам за одредени проекти произлегува дека во дел од медиумите се забележува дека се наклонети кон руската политика на Путин, што може да е резултат на влијание од одредени центри. Секако има и медиуми, во кои владее антирускиот наратив, што е резултат на определеноста на тие медиуми против руската инвазија.

Инбокс7: А за странски капитал во македонски медиуми како ТВ, радио, интернет портали?

СЕФЕР ТАХИРИ: Од сознанијата кои ги имам ТВ21 е капитал на сопственици, кои живеат на Косово, а се од Северна Македонија, ТВ Клан Македонија е со капитал од Албанија, весникот Слободен печат е со српски капитал, а во порталите можно да има странски капитал но поради фактот што во земјата нема законска обврска за порталите да ја декларираат сопственоста, тешко е да се утврди.

Инбокс7: Каков е вашиот став за фактот што некои сопственици имаат повеќе медиуми под свое „владеење“ и дали таквата состојба негативно влијае врз професионалноста на редакциите и новинарите?

СЕФЕР ТАХИРИ: Проблемот на концентрацијата на сопственоста на медиумите е еден од најголемите проблеми на медиумскиот систем. Фактот што одредени лица поседуваат во свои раце повеќе медиуми, влијае врз плурализмот во медиумските содржини, кој е многу битен за развојот на слободата на говорот и на демократијата.

Инбокс7: Какво е Вашето мислење во однос на фактот што највлијателните македонски медиуми, телевизиите, се во сопственост на поединци кои поседуваат и други крупни бизниси а некои од нив имаат и „свои“ политички партии, колку тоа македонското новинарство го прави зависно, а новинарите неслободни во остварување на дефинираните професионални новинарски стандарди?

СЕФЕР ТАХИРИ: Концентрацијата на сопственоста во медиуми и директната поврзаност на сопствениците на медиумите со бизнисот и политиката, но и реформирањето на јавниот сервис и АВМУ и хаосот во онлајн сферата се клучните проблеми во медиумскиот систем. Секако, дека поврзаноста на бизнисот и медиумите влијаат врз слободата на новинарите, кои заради овој факт често се самоцензурираат.

 

 

Related posts

Виснер: Западен Балкан нема да биде приоритет на администрацијата на Трамп

admin

Бејџан Илјаз за КДП: Процентите од пописот се нереални, ниту ги прифаќаме ниту ги признаваме

ninja

Гарсија: Во преговарачкиот процес пречки може да има и од други земји

admin

Реџепи: Бугарија не ни дава алтернатива освен руски гас

admin

ПОЛОЖАНИ: ПОТРЕБЕН Е ШИРОК КОНСЕНЗУС ЗА ДЛАБОКИ РЕФОРМИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО

admin

Во Тетово и Гостивар дополнително полициско присуство на изборите

admin